ПСЖ сепак има свој адут во случајот со Мбапе

August 8, 2023
1 min read

Позицијата на ПСЖ во случајот со Мбапе изгледа очајно, тие сакаат да го продадат, но се пишуваше дека тој е подготвен да отседи уште една сезона во францускиот тим, а потоа да замине беспари.

Сепак, не е се така очајно за ПСЖ. „Л’Екип“ пишува дека во клубот се свесни дека Килијан Мбапе планира да игра на Европското првенство и на Олимписките игри следното лето.

Плановите тешко дека ќе му се остварат доколку ПСЖ го исфрли од тимот и тој ја отседи целата сезона на трибини.

Доколку нема натпревари, Франција нема да го повика ниту за Европско, ниту за Олимпијада. Мбапе го знае тоа и ако се обиде да го избегне, ПСЖ ќе биде во ќар.

Јасно е дека Реал Мадрид ќе биде следен клуб на Мбапе. ПСЖ бара начин како да го продаде сега на кралскиот клуб и да заработи на неговото заминување.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Здравко Василески ја издаде книгата „НАТО во новиот светски поредок: геополитика и реализам“

Следно

Еден поинаков историски час во Кино Манаки

Latest from Blog

САД испраќа засилување на Блискиот Исток- пристигнуваат специјалци за воздушен десант

Пентагон веројатно ќе испрати неколку илјади војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Армијата на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори. Изворите не

Мицкоски на средба со германските амбасадори во регионот: Економските партнерства и европската интеграција во фокусот на разговорот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со германските амбасадори во регионот, на која разговарале за продлабочување на билатералната и регионалната соработка. Информацијата за состанокот ја соопшти преку објава на својот
Go toTop