ПРВПАТ ВО ЈАВНОСТА, А ЛИЦЕТО ИЗМОРЕНО И БЛЕДО: Еве како изгледа принцот Вилијам по веста дека татко му има рак (ВИДЕО)

February 7, 2024
1 min read

Принцот Вилијам денеска се врати на кралските должности водејќи ја церемонијата на инвеститори во замокот Виндзор – додека принцезата Кејт закрепнува од абдоминалната операција, а кралот Чарлс е во Сандрингам по дијагнозата дека боледува од рак.

Вилијам, кој сега е најистакната јавна личност во монархијата, додели повеќе од 50 почести во име на кралот, вклучително и една на поранешниот англиски фудбалер Елен Вајт.

Принцот од Велс последен пат беше виден пред клиника во Лондон на 18 јануари по посетата на сопругата Кејт, која во понеделникот се врати во Виндзор и се очекува да биде надвор од очите на јавноста барем до Велигден.

Принцот Хари пристигна во Лондон вчера и имаше кратка средба со Чарлс во Кларенс Хаус, но извори блиски до Вилијам јасно ставија до знаење дека нема планови да се види со својот отуѓен брат.

Вилијам вечерва ќе се појави на хуманитарна гала, каде што се очекува првпат да проговори за дијагнозата на својот татко.

Сепак, британскиот престолонаследник нема да зборува за својот брат Хари, а еден кралски експерт ја нарече нивната врска „целосно прекината“.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Владика Тимотеј: Украинската православна црква е неканонска црква, тоа ни ги забави разговорите со Вселенската патријаршија

Следно

„Артан Груби се обидува криминалот на казино-бизнисите да го претстави како триумф“

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример
Go toTop