Првпат во историјата папата Франциск им дава на жените право на глас на состанокот на бискупите

April 27, 2023
1 min read

ВАТИКАН (АА) – Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, одлучи жените да имаат право на глас од следниот Свети синод (Бискупско собрание), јавува Анадолу.

Од Ватикан наведуваат дека папата одобрил некои измени на нормите што се однесуваат на управувањето со Светиот синод, еден од важните консултативни органи на Католичката црква, каде што бискупите од целиот свет повремено се состануваат поради решавање на одредени прашања.

Папата Франциск ќе им овозможи и на жените првпат да гласаат на глобалниот состанок на бискупи во октомври оваа година. Досега право на глас имаа само мажите.

Медиумите објавија дека овие промени претставуваат „историска пресвртница“ за Ватикан и „иновација без преседан во Католичката црква“.

Во Светиот синод, кој ќе се состои од приближно 370 члена, се очекува да присуствуваат вкупно 41 жена со право на глас, од кои шест црквени и 35 новоименувани.

Според ова, застапеноста на жените што имаат право на глас во следниот Свети синод, закажан за октомври, ќе изнесува околу 10 %.

„Ова е важна промена, но не и револуција“, рече кардиналот Жан-Клод Холериш.

Во минатото на жените им беше дозволено да присуствуваат на Синодот како ревизори, но без право на глас.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Туркије со цел да остварува 100 милијарди долари приход од туризмот до 2028 година

Следно

Герасимовски: На Водно нема да се гради, пристапен пат не е одобрен

Latest from Blog

„Охридско лето“ со незаборавна музичка вечер: Полските виртуози ја воодушевија публиката во Скопје

Националната установа „Охридско лето“ продолжува да ја збогатува културната понуда и надвор од редовната фестивалска сезона, приредувајќи уште една впечатлива концертна вечер во Камерната сала на Македонската филхармонија во Скопје. Виртуозниот полски

Николоски: Стратешкото партнерство со САД е силно, инфраструктурните проекти се реализираат со одлична динамика

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на САД во земјава.  На средбата беше потврдена посветеноста на стратешкото

Коњановски: Младинско катче и кариерен центар за учениците во битолското економско училиште

Учениците во СОЕУ „Јане Сандански“ во Битола добија младинско катче и кариерен центар. Просторот го уредиле самите ученици со поддршка од нивниот професор и координатор Целе Јолевски, а на свеченото отворање присуствуваше

Николоски: Ниските даноци и пристапот до европскиот пазар се предност за јапонските компании

Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи
Go toTop