Прво рочиште за „Багер“ – осум лица признаа вина

October 13, 2023
1 min read

реклама

На првото одржано рочиште за предметот под кодно име „Багер“осуммина обвинети кои извршувале недозволено истражување и ископување на движни добра под привремена заштита, односно културно наследство, ​ги признаа делата за кои Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во јуни годинава поднесе Обвинителен акт.

Според опишаните дејствија во диспозитивот на Обвинителниот акт, сите обвинети сториле кривично дело Злосторничко здружување, а првообвинетиот С.Џ. (47) врз основа на признание дека ги сторил и кривичните дела Прикривање, Оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или културни реткости, Изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи е осуден на единствена казна затвор во траење од 5 години и 2 месеци.  Четворицата обвинети М.С.(42), Г.К.(45),И.С.(48),и М.Џ.(37), освен кривичното дело Злосторничко здружување, признаа дека сториле и кривично дело Оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или културни реткости за што судот им изрече алтернативна мерка – условна осуда, односно казна затвор од 2 години која нема да се изврши доколку обвинетите во рок од 5 години од правосилноста на пресудата не сторат ново кривично дело. Д.Р.(36) кој беше обвинет и за кривичното дело Изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости, врз основа на признание на вина судот му изрече единствена казна затвор во траење од 2 години и 6 месеци. Т.А.(58) покрај кривичните дела Злосторничко здружување и Прикривање, го призна и кривичното дело Оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или културни реткости за кои му е изречена единствена затворска казна од 3 години и 8 месеци. Најмладиот Р.З.(28) призна дека е  сторител на кривичните дела Злосторничко здружување, Оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или културни реткости и Изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости, за што му е изречена единствена затворска казна од 3 години и 2 месеци.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ДКСК за постапувањето со дивоградбите во Охрид: Неусогласена регулатива и префрлање на надлежностите

Следно

Режисерката Дина Дума во „Што го врти светот“: Новиот филм го развивав во Париз, во резиденцијата на Канскиот филмски фестивал

Latest from Blog

Денес е Преподобен Патапиј

Роден е е и воспитан во верата и во страв Божји во Тива Мисирска од благоверни родители. Рано ја увиде и ја презре суетата на овој свет и се оддалечи во Мисирската

Нештетно уништени 22,3 тони киви за преработка

Поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство, неделава забрани увоз на киви наменети за индустриска преработка, соопшти Агенција за

Фото: Најбараната манекенка има ново момче? Тој е 18 години постар од неа

Познатата манекенка од кланот Кардашијан – Џенер, атрактивната Кендал е една од омилените членови на семејството Кардашијан Џенер, веројатно поради нејзиниот пристап кон животот и работата. 30- годишната Кенедел, за разлика од

Видео: Принцезата Леонор од Шпанија го направи првиот независен воен лет

Принцезата Леонор од Шпанија го направи својот прв самостоен лет како дел од воената обука на Општата авијациска и вселенска академија (AGA) во Сан Хавиер, каде што веќе четири месеци е на теоретска и практична обука

Арсенал со минималец се врати на врвот

фото: Arsenal (X) Арсенал оствари нова победа во Премиер Лигата со 0:1 против екипата на Евертон во вечерашниот натпревар кој се одигра на „Гудисон Парк“. Со оваа победа „топџиите“ повторно го завзедоа
Go toTop