Првиот „ѓердан“ на Босфор ги поврзува Европа и Азија веќе 51 година

November 2, 2024
2 mins read

ИСТАНБУЛ (АА)

– Учур АСЛАНХАН

Просечно 190.000 возила дневно го користат „Мостот на Загинатите херои од 15 јули“, кој беше пуштен во употреба на 30 октомври 1973 година и ги поврзува азискиот и европскиот континент веќе 51 година, пишува Анадолу.

Идејата за спојување на двете страни на Истанбул, кој со векови ги чува своите историски, политички, комерцијални и културни вредности, датира уште од пред новата ера. Еден од најголемите соништа на цивилизациите што владееја на овие простори отсекогаш бил поврзувањето на двата континента.

Особено по 16 век се изнесени многу идеи и проекти во врска со поврзувањето на двата континента, но сето тоа се реализираше дури откако беше изграден „Мостот на Загинатите херои од 15 јули“.

Во 1950-тите, на барање на владата на Демократската партија, беше формиран комитет составен од општина Истанбул, Генералниот директорат за автопатишта на Туркије и претставници на Истанбулскиот технички универзитет (ИТУ) за да се разгледаат можностите за изградба на мост на Босфор. Комитетот препорача можноста за изведба на проектот да го испита стручна компанија, по што Генералниот директорат за автопатишта побара понуда од американска компанија, но проектот не беше реализиран поради финансиски и административни потешкотии.

Со влегувањето на Истанбул во брзиот процес на урбанизација во втората половина на 20 век, развојот на населбите, бранот миграции и зголемениот сообраќај, придонесоа за преземање на првите чекори за изградба на мостови на теснецот Босфор.

Прифатен е проект подготвен за изградба на мост кој ќе ги поврзе два континента. Изградбата на мостот на Босфор ја презедоа британски и германски компании, а реализацијата на проектот започна со церемонија одржана на просторот Бејлербеј во февруари 1970 година.

При изградбата на мостот со 6 коловозни ленти, со вкупна должина од 1.560 метри и растојание меѓу носечките столбови од 1.074 метри, спроведен е ископ од 63.000 метри кубни, а во изградбата се користени 71.000 кубни метри бетон, 4.000 тони челик за бетонска арматура, 17.000 тони конструктивен челик и 6.000 тони челичен кабел.

– Проектот е завршен за 3 години и 8 месеци

Мостот на Босфор е завршен за приближно 3 години и 8 месеци, а за неговата изградба е платена сумата од 23.213.666 долари (191.785.265 лири според вредноста од тој период).

Мостот на Босфор, кој беше првиот мост што ги поврзуваше двете страни на мегаградот и за кој постоеја големи дебати пред да биде изграден, за отворен го прогласи тогашниот претседател Фахри Корутурк на 30 октомври 1973 година, еден ден по 29 октомври, по повод 50-годишнината од формирањето на Републиката.

– Името е сменето во спомен на оние кои загинаа на мостот за време на обидот за пуч

Официјалното име „Мостот на Босфор“ е променето во „Мост на загинатите херои од 15 јули“ на 26 јули 2016 година, во спомен на оние кои ги загубија животите на тоа место за време на предавничкиот обид за државен удар на 15 јули.

Опслужувајќи просечно 24.000 возила дневно во првата година, мостот 15 години беше единствениот копнен пат за копнен транспорт меѓу двете страни на Истанбул. Мостот почна да ја споделува оваа должност со мостот „Фатих Султан Мехмет“ кој беше изграден во 1988 година, со мостот „Јавуз Султан Селим“ од 26 август 2016 година и со тунелот Евроазија од 20 декември 2016 година.

– Повеќе од 190.000 возила дневно во просек го минуваат мостот

Мостот, кој досега овозможи минување на стотици милиони возила, е многу важна алка во транспортот на Истанбул и игра голема улога во намалувањето на сообраќајниот товар на оваа турска метропола. Во просек, повеќе од 190.000 возила дневно го користат мостот.

Во Истанбул од 1979 година се организира маратон на патека која го опфаќа и „Мостот на загинатите херои од 15 јули“. Маратонот, кој секоја година привлекува сѐ поголемо внимание, предизвикува голем интерес и на меѓународно ниво.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Атлетико Мадрид жестокo казни девет навивачи

Следно

Се интензивираат работите за изградбата на автопатот Прилеп-Битола од Коридорот 10 Д

Latest from Blog

Бугарската Влада го „преживеа“ третото гласање недоверба, нови тензии пред влезот во еврозоната

Третото гласање за недоверба кон Владата на Бугарија предводена од Росен Желјазков пропадна. Владата на ГЕРБ, БСП и ИТН, со поддршка од коалицијата “ДПС-Нов почеток” на Делјан Пеевски, не успеа да добие

Нов топлотен бран го пржи Балканот

Македонија ја погодува нов топлотен бран со температури кои надминуваат 40 степени. Жештините го зафаќаат цел регион, а метеоролозите предупредуваат дека високите температури ќе се задржат до средината на следната недела.  Според

Пропалестински активисти протестираа пред Високиот суд во Лондон против забраната на групата „Палестинска акција“

СКОПЈЕ (АА) – Пропалестински активисти денес одржаа протест во знак на солидарност пред Кралскиот суд во Лондон, јавува Анадолу. Коосновачката на групата „Палестинска акција“, Худа Амори, започна правна постапка против британската Влада

Јаневска: Образованието и науката не смеат да бидат фактор за иселување на младите, туку сфери за личен развој и вработување

Во 7 изминати години имаме 17 илјади ученици и 7 илјади студенти помалку. Училниците и амфитеатрите се празнат. Ако тоа не се спречи, државата не може да гледа перспективна иднина. За овие

Скопје доби ново летно кино на покривот на Сити мол

Скопје Сити Мол во партнерство со Синеплекс го отворија првото летно кино под отворено небо на покривот од трговскиот центар. Скопје е побогато за уште едно градско летно доживување, каде свечено беше отворено првото „Rooftop Open Air
Go toTop