Првиот ден од Самитот на Г-7 обележан со значајни случувања поврзани со глобалните прашања

June 14, 2024
1 min read

ЛОНДОН (АА) – Првиот ден од Самитот на лидерите на групата Г-7, чиј домаќин е Италија, беше заокружен вчера со значајни случувања во врска со различни глобални прашања, јавува Анадолу.

Клучните дискусии за време на Самитот, кој ќе трае до утре (сабота), се фокусирани на глобалните конфликти, растот на вештачката интелигенција и прашањата за Африка, со посебен фокус на тековната загриженост на Италија за неконтролираната миграција од континентот кон Европа.

На агендата ќе бидат и други теми, како што се климатските промени и Кина.

Првиот ден Соединетите Американски Држави (САД) и Украина потпишаа клучен 10-годишен билатерален договор за безбедност.

Склучувањето на договорот, кој Киев го смета за клучен чекор кон членство во НАТО, беше означен од украинскиот претседател Владимир Зеленски како „историски ден“.

Тој изрази благодарност до американскиот претседател Џо Бајден и американскиот народ за нивната цврста поддршка во периодот на војна на неговата земја со Русија.

На заедничката прес-конференција Бајден рече дека договорот ќе ги зајакне силата, одржливоста и издржливоста на Украина.

Тој се осврна и на конфликтот со Русија: „Путин не може да нѐ подели.“

Како дополнително зајакнување на меѓународната поддршка на Украина, со Јапонија беше потпишан билатерален безбедносен договор.

Договорот ѝ обезбедува на Украина помош од 4,5 милијарди долари оваа година и континуирана поддршка во следните десет години.

Зеленски го пофали договорот, истакнувајќи ја Јапонија како една од економски и технолошки најнапредните земји во светот и изрази благодарност за нејзината непоколеблива поддршка.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го пофали новиот договор за гарантирање заем од 50 милијарди долари за Украина.

Заемот ќе биде финансиран со добивката од замрзнатите средства на Руската централна банка што се чуваат во Европа.

Велика Британија, САД и Канада, пак, заеднички ја обвинија Русија за заговор за мешање во претстојните претседателски избори во Молдавија и референдумот за членство во Европската Унија.

Во остра изјава трите земји ги обвинија руските актери за „ширење лаги“ и „поткопување на молдавските демократски институции“.

Г-7 е неформален форум што одржува годишен самит на кој се разговара за прашања од економската политика и безбедноста. Членки се Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Велика Британија и САД.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Над 44 степени највисоката максимална температура во Грција во текот на вчерашниот ден

Следно

Анкета: Бени Ганц би го победил Нетанјаху доколку изборите во Израел се одржат денеска

Latest from Blog

Ведат Муриќи се врати во Фенербахче

Интернационалецот од Косово, 32. годишниот Ведат Муриќи е нов играч на екипата на Фенербахче во трансфер вреден 15.5 милиони евра. Сума која што турскиот гигант ја плати на Мајорка, екипата за која

Трамп: Мораме да го вразумиме Нетанјаху

Опишувајќи го нивниот однос како „добар“, Трамп рече дека може да ги контролира израелските воени активности во Либан затоа што тамошните службеници прават што тој им кажува. Израел инсистира на контрола на

Пожар избувна кај ПМФ и парк-шумата Гази Баба

Попладнево пожар избувнал во близина на парк шумата Гази Баба, во близина на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Според директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, гори сува трева, а екипите се на терен и

Тврдат дека се угнетувани на Светското првенство – се пожалија на ФИФА

фото: AJE Sport (X) Фудбалската федерација на Иран поднесе официјална жалба до ФИФА поради строгите ограничувања за патување со кои се соочува нивната репрезентација за време на Светското првенство во САД. Федерацијата

Куба на чекор до најголемите економски реформи од револуцијата на Фидел Кастро

 Кубанскиот претседател, Мигел Дијаз-Канел изјави дека реформите се итни и неопходни поради засилените санции од САД. Предложените мерки предвидуваат отворање на градежниот сектор за приватни компании, трансформација на државните претпријатија во акционерски
Go toTop