Првата вселенска мисија на Туркије со екипаж ќе го започне своето патешествие на 18 јануари

January 5, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Првата вселенска мисија на Туркије со екипаж ќе замине за Меѓународната вселенска станица во 1:11 часот по локално време на 18 јануари, соопшти денес турскиот министер за индустрија и технологија Мехмет Фатих Каџар, јавува Анадолу.

Полковникот Алпер Гезеравџи со екипажот на мисијата „Аксиом 3“ (Ax-3) ќе тргне кон Меѓународната вселенска станица, истакна турскиот министер Каџир на платформата X.

„Оваа историска мисија ќе биде одличен извор на инспирација за идните генерации, како и важна пресвртна точка во вселенските научни истражувања на Туркије“, нагласи Каџир.

Екипажот на Ах-3 ќе полета со ракетата „Фалкон 9“ на „Спејс Икс“ во вселенското летало „Драгон“ од Вселенскиот центар „Кенеди“ на НАСА во Флорида.

Се очекува вселенското летало со екипажот да се припои на Меѓународната вселенска станица на 19 јануари во 13:15 часот.

Посебен печат и плик се дизајнирани од страна на Турската вселенска агенција (TUA) и ПТТ, дирекцијата на национални пошти и телеграф, за првата вселенска мисија на Туркије со екипаж, во кои Гезеравџи го подига турското знаме во вселената.

Печатот содржи различни симболи, секој со посебно значење за ова значајно патување, меѓу кои и силуета на Гезеравџи со лепенка од турското знаме на неговото рамо.

Туркије го избра Гезеравџи, пилот на Ф-16 во Турските воздухопловни сили, како прв вселенски патник од Туркије минатата година за време на големиот технолошки настан ТЕХНОФЕСТ.

Турската вселенска агенција е основана во 2018 година и ја објави својата вселенска програма во 2019 година, како и намерата да испрати мисија со екипаж во вселената.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Контролaтa на летање најавува генерален штрајк: Терористички чин е вчерашниот упад во зградата на М-НАВ

Следно

Стоилковски: ДУИ делеше „европски“ тупаници од име на т.н. европска коалиција, со скриена поддршка од СДС

Latest from Blog

Божиновска на Денот на македонските инженери: Државата мора да инвестира во знаење и кадар

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше и се обрати на одбележувањето на Денот на македонските инженери, по повод 106 години од основањето на првото македонско здружение на инженери,

ММФ: Војната во Иран ја поттикнува инфлацијата и ги загрозува синџирите на снабдување

Во блог објава, ММФ го опиша конфликтот како „шок“ кој е „глобален, но асиметричен“ и кој дејствува главно преку три канали: цените на енергијата, трговијата и финансиските услови. Нарушувањето на снабдувањето со

ПРАВДАТА СЕ ВРАЌА ВО ЈО: Обвинителот Цветановски се враќа на работа, предметот за Хајрулахи укинат

Обвинителот Јован Цветановски се враќа на својата функција, откако Советот на јавни обвинители едногласно ја укина неговата суспензија и одлучи предметот да го врати на повторно разгледување. На истата седница Советот го

Ѓорѓиевски најави реконструкција на сите пешачки патеки во Скопје

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави реконструкција на сите пешачки патеки во Скопје. „Денес започнавме широка и сеопфатна акција за реконструкција на пешачките патеки во Скопје, со цел побезбеден, поуреден и
Go toTop