Првата дама на Северна Македонија: Семејното насилство не е приватна работа, туку општествена грижа

December 5, 2023
1 min read

СКОПЈЕ (АА) – Првата дама на Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска, истакна дека семејното насилство не е приватна работа, туку општествена грижа, јавува Анадолу.

Првата дама имаше воведен говор на тркалезната маса „Спречи, одговори, заштити: Како да се зајакне борбата против семејното насилство во Република Северна Македонија“ во организација на ОБСЕ.

На настанот присуствуваа и министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадор Килиан Вал, амбасадорката на Шведска, Ами Ларсон Јаин, претставници од други институции и невладини организации.

Настанот почна со едноминутен молк поради убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска, случај којшто полициските служби го расчистија во текот на неделата откако беше пронајдено телото.

Во својот говор, Ѓоргиевска истакна дека настанот посветен на борбата против семејното насилство претставува значаен придонес кон темите што ги опфаќа кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“.

Таа рече дека насилството ги надминува географските, културните и социоекономските граници.

„Семејното насилство не е приватна работа, туку општествена грижа која бара координирано решение, унисон глас кој ќе го побие молкот на сите што страдаат во тишина“, рече Ѓоргиевска.

Првата дама нагласи дека покрај многубројните кампањи за подигање на свеста и законските обврски, бројките укажуваат на разочарувачкиот факт дека ситуацијата не се подобрува, туку се влошува.

„Од 2019 до денес сведоци сме на над 20 случаи на фемицид, убиство на жена само затоа што е жена, и претставува најекстремна манифестација на насилство врз жена. Повеќето од овие жртви страдале од рацете на нивните поранешни или сегашни партнери или сопружници“, рече Ѓоргиевска.

Таа додаде дека подигнувањето на јавната свест за достапните начини за пријавување и барање помош е од клучно значење за да се осигури дека жртвите се свесни за нивните права и ресурсите со кои располагаат.

„За крај, да се потсетиме на повикот од Истанбулската конвенција која ги повикува потписниците да промовираат промени во социјалните и културните модели на однесување на жените и мажите со цел искоренување на предрасудите, обичаите, традициите и сите други практики кои се засноваат на идејата за инфериорност на жените или стереотипните улоги на жените и мажите“, рече Ѓоргиевска.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Средношколците од Македонија се на 61. место по математика, а на 71. по јазична писменост од 81 рангирана држава покажа ПИСА тестот

Следно

УНИЦЕФ: Таканаречените безбедни зони прогласени од Израел ризикуваат да станат зони на болести во Газа

Latest from Blog

Божиновска: Енергетската транзиција е шанса за жените и младите

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари значајна средба со постојаната координаторка на Обединетите нации, Рита Колумбија, посветена на зајакнување на соработката за одржлив развој. На средбата се дискутираше

Манасиевски: Ристоска и Бубевски контролирале сè во СЈО, Јанева делела предмети по насока на Заев

Професионалците Ленче Ристоска и Гаврил Бубевски се однесувале како Алфа и Омега во СЈО, а денес се прикажуваат како жртви, додека Катица Јанева ги делела предметите на нејзините тимски играчи, од добиените

Пезешкијан: Иран не бара војна, економскиот притисок има за цел да ја оцрни владата

Зборувајќи на состанокот со религиозните водачи и следбеници од различни вери по повод 47-годишнината од Исламската револуција, Пезешкијан нагласи дека Иран се стреми кон мир, единство и служба на народот. Тој истакна

Андоновски на Глобален дијалог во Будимпешта 2026: Стратешката соработка е клуч за градење отпорни системи во дигиталниот свет

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, еден од главните говорници на Budapest Global Dialogue 2026, истакна дека стратешката соработка меѓу државите и партнерите е суштинска за градење отпорни институции, стабилни демократии и
Go toTop