Прва вечер Евровизија 2025 со многу спектакл, Хрватска и Словенија не се пласираа во големото финале

May 13, 2025
1 min read

Спектакуларно започна првата вечер на Евровизија 2025. Презентери на Евровизија 2025 се Хејзел Бругер и Сандра Студер. Хејзел е швајцарско-американска поетеса, а Сандра е швајцарска ТВ водителка и пејачка, која ја претставуваше Швајцарија на натпреварот во 1991 година и го зазеде петтото место со песната „Песна за тебе“ и како што се почегува на своја сметка рече дека Швајцарија сака ги рециклира старите работи.

Првата вечер на овогодинешната Евровизија ќе биде на тема „Онаму каде што започна се“, како почит на родното место на Евровизија, Швајцарија, ана првата вечер настапија 15 земји од кои само 10 ќе одат во големото финале. Шпанија и Италија, како и домаќинот Швајцарија, се меѓу земјите чии претставници ќе изведуваат песни, но како дел од големата „евровизиска петорка“ директно се пласираат во финалето.

На сцената први настапија претставниците на Исланд. По нив следуваа Полска, Словенија, Естонија, Шпанија, Украина, Шведска, Португалија, Норвешка, Белкија, Италија, Азербејџан, Сан Марино, Албанија, Холандија, Хрватска, Швајцарија и Кипар. Годинава дел од учесниците решија да пеат на мајчиниот јазик.

Директно во финалето в сабота се пласираа Франција, Шпанија, Германија, Велика Британија, Италија и домаќинот Швајцарија.

Евровизија и оваа година не помина без скандал. Во неделата во Базел се одржаа протести против учеството на Израел на натпреварот. Израелскиот радиодифузер „Кан“ денес поднесе пријава до полицијата во Базел во врска со наводни закани со смрт кон израелската претставничка Јувал Рафаел. За време на доаѓањето на сите претставници на тиркизниот тепих, таа Јувал беше пречекана со исвиркувања, а на видео снимено од член на израелската делегација, се гледа како еден човек мавта со палестинско знаме и покажува палец надолу, а потоа го поминува прстот низ грлото и плука.

Со контраверни наслови на песни, стихови и пред се облека во која настапија изведувачите, заврши првото полуфинале на Евровизија. Додека траеше гласањето водителската двојка, заедно со минатогодишната водителка на Евровизија Петра Меде, направија вистинска спектакл и преку песна ја потсетија публиката на сите светски пронајдоци кои водат потекло од Швајцарија, а како народниот херој Вилијам Тел се појави Петра Меде. Беа презентирани и неколку необични музички рекоди низ минатогодишните евровизии, песни кои не победиле, но биле најстримувани на јутуб.

Преку видео порака се обрати светската ѕвезда Селин Дион која победи во 1988, претставувајќи ја Швајцарија во Даблин Ирска со песната „Не заминувај без мене“ и од каде започна нејзината светска кариера.

Во финалето в сабота се пласираа Норвешка, Албанија, Шведска, Исланд, Холандија, Полска, Сан Марино, Естонија, Португалија и Украина. Од балканските земји, годинава Хрватска и Словенија не се пласираа во големото финале.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Овластен е Мицкоски да предложи нови кадровски решенија

Следно

Македонските граѓани кои планираат да патуваат од аеродромот во Тирана, на 15 и 16 мај треба да пристигнат 3 часа пред летот

Latest from Blog

Петрушевски: Со злоупотреба на службена положба преку местење на тендери вредни 8 милиони евра, кадри на СДС и ДУИ се збогатиле за 2 милиони евра

Поранешниот директор на ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје и кадар на ДУИ, а одобрен од СДС, Бујар Дардишта, заедно со уште 32 лица е осомничен за перење на пари во висина

Ливерпул носи ѕвезда на Баерн од 65 милиони долари?

Фото: Баерн Минхен Иако Ливерпул во последните денови беше во центарот на вниманието поради ситуацијата околу Мохамед Салах, кој изјави дека чувствува дека клубот го „фрлил под автобусот“, раководството на „Енфилд“ веќе

Украина тврди дека нејзини беспилотни летала собориле два руски Су-27 на Крим

Безбедносната служба на Украина (СБУ) денес објави дека беспилотни летала со долг дострел на Центарот за специјални операции „Алфа“ собориле два авиони Су-27 на рускиот аеродром Белбек на Крим. „Еден од авионите

Бикот за биде смирен, а Шкорпијата да избегне тензии

ОВЕН Денеска вашите лични односи можат да бидат напнати доколку сакате целосно да ја контролирате ситуацијата. Бидете внимателни и избегнувајте непотребни расправии што можат да ве исцрпат. Денот е погоден за препуштање
Go toTop