Прв состанок на заедничката косовско-српска комисија за исчезнати лица утре во Брисел

January 14, 2025
1 min read

Првиот состанок на Мешовитата косовско-српска комисија за исчезнати лица ќе се одржи утре во Брисел, потврдено е денеска во белгискиот главен град.

„Инаугуративниот состанок на Мешовитата комисија за исчезнати лица, формирана како дел од Политичката декларација за исчезнати лица 2023 година, ќе се одржи во Брисел на 15 јануари. Со состанокот ќе претседава ЕУ со делегации од Косово и Србија“,соопшти Прес-службата на ЕУ.

Претставниците на ЕУ објаснија дека станува збор за церемонијална средба која, според нив, ќе има повеќе симболично отколку суштинско значење.

Европски извори објаснуваат дека бидејќи предизборната кампања е во тек на Косово, нема големи очекувања дека првата средба ќе донесе некакви суштински резултати.

Се што очекуваат официјалните лица во Брисел од првиот состанок на Комисијата за исчезнати лица е партиите да ги претстават приоритетите и да се договорат за датумите на следните состаноци, на кои ќе има конкретни дискусии.

Воведниот состанок на Комисијата за исчезнати лица беше овозможен откако главните преговарачи на Србија и Косово на состанокот во декември се договорија за примена на декларацијата за исчезнати лица.

Таа декларација беше усвоена од лидерите на Косово и Србија, Албин Курти и Александар Вучиќ, на состанокот одржан како дел од дијалогот на 2 мај 2023 година.

Сепак, обврските од декларацијата – како целосен пристап до веродостојни информации, ставање на располагање на сите документи релевантни за утврдување на судбината на исчезнатите лица и заедничка работа преку комисија предводена од ЕУ – не се исполнети.

Според Црвениот крст, 1.612 лица се уште се водат како исчезнати за време на војната во 1998/99 година во Косово.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Обвинителството постапува за проверка по наводите за поднесената пријава од Град Скопје за цементарница „Усје“

Следно

Завршува новогодишната кошничка

Latest from Blog

Утре се празнува Преподобна Ангелина-заштитничка на семејството, мајките и жените

Преподобна Ангелина била сопруга на светиот деспот Стефан Бранковиќ и мајка на светите Јован и Максим. Таа е позната како пример на христијанска трпеливост, смирение и длабока вера. По смртта на сопругот,

Ахмети живее во фолклорот од пред 20 години, вели Муцунски за барањето за избор на Влада со „Бадентер“

Али Ахмети уште живее во фолклорот од времето кога првпат има земено учество во владата од 2002 година. Поминати се многу години, повеќе од 20 од времињата во коишто е заглавена неговата

Авион на „Рајанер“ удрил во цистерна на аеродромот во Единбург, патниците евакуирани

Авион на ирската авиокомпанија „Рајанер“, на лет за Португалија, денеска удрил во цистерна за гориво на аеродромот во шкотската престолнина Единбург, поради што патниците биле евакуирани, соопшти портпарол на аеродромот, додавајќи дека

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Обединетото Кралство

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски смета дека темата за прием на одбиени баратели на азил во земјава, шпекулативно ја отвориле медиуми од Обединетото Кралство, и тоа не само
Go toTop