Прв пат по 2010 година ЛШ финалето ќе биде без француски фудбалер

May 19, 2023
1 min read

Во изминатите 12 финалиња секогаш имало барем еден Французин во големото финале, а оваа година, исто како и минатиот пат кога играше Интер, ќе биде без ниту еден француски фудбалер.

Калчолигашот Интер и премиерлигашот Манчестер Сити се учесниците во големото финале за оваа 2022/2023 сезона на Лигата на шампионите. Интересно е што и двата тима во својот ростер немаат француски фудбалер.

Интер во своите редови има фудбалери од 13 различни држави, но ниту еден од Франција. Покрај домашните Италијанци, кои ги има 11 на број, има и од Аргентина (3), Холандија (2), Словенија, Германија, Босна и Херцеговина, Албанија, Турција, Ерменија, Камерун, Словачка, Хрватска и Белгија.

Манчестер Сити исто така не располага со ниту еден Французин. Покрај домашните Англичани, кои се 8 на број, тука се и играчи од Шпанија (3) Португалија (2), Германија (2), Аргентина (2), Холандија, Норвешка, Белгија, Швајцарија, Алжир и Бразил.

Последен пат кога немаше Французин во финале од Лигата на шампионите беше во она од сезоната 2009/2010 кога токму Интер стана шампион. Тогаш играше против Баерн, а и двата тима во своите состави немаа француски играч. Всушност, Баерн тогаш го имаше Франк Рибери, но овој играч имаше казна од 3 натпревари поради црвен картон добиен во полуфиналето, па воопшто не беше во составот за големото финале кое неговиот тим го загуби со 2:0.

Интересно, и Интер и Манчестер Сити во своите редови всушност имаат по еден Французин, но двајцата не се достапни за настап во Лигата на шампионите. „Нераѕурите“ го имаат младиот Лусјан Агуме, кој е пратен на позајмица во Троа, додека „Граѓаните“ го имаат Бенжаман Менди кој клубот уште на почетокот од минатата сезона го суспендираше поради обвиненијата за силувања.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ердоган упати честитки по повод 19 Мај, Денот на сеќавање на Ататурк и Денот на млади и спорт

Следно

(ВИДЕО) Големи поплави во Италија, маж се удави во сопствениот дом

Latest from Blog

ФОТО: Сиљановска-Давкова присуствуваше на погребот на папата Франциск – имаше кратка средба и со Доналд Трамп!

На погребната миса посветена на Неговата светост, папата Франциск, присуствуваше и македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова Пред околу 200.000 верници и почитувачи на народниот папа, религиозни лидери, претставници на кралски семејства, шефови на

Вардар прв до Ф4 турнирот од Купот на Македонија

Вардар е првиот учесник на фајналфор турнирот од Купот на Македонија откако „црвено-црните“ излегоа како победници на турнирот што се играше во Битола, каде организатор беше Е. Пелистер 2. Откако во четвртокот

Дали поддржувате користење на АИ за домашни задачи?

Истражувањето спроведено од Унгарската национална управа за медиуми и комуникации покажало дека 76,5% од децата на возраст од 13 до 16 години имаат искуство со некоја програма базирана на Вештачка интелигенција. Истражувањето
Go toTop