Прв академски час на Воена академија: Академијата е симбол на знаење и лидерство, со високо реноме и квалитетна настава

October 1, 2025
1 min read

Министерот за одбрана Владо Мисајловски и неговиот колега од Босна и Херцеговина, Зукан Хелез кој престојува во официјална посета на земјава денеска присуствуваа и се обратија на првиот академски час на Воената академија, со што и официјално започна новата учебна година за идните офицери.

На новите питомци, министерот Мисајловски им порача да бидат горди што се дел од етаблирана и регионално позната Академија која ги создава идните лидери за македонската Армија и за вооружените сили на неколку земји од регионот.

Министерство за одбрана

„Вие сте срцето на татковината, од вас ќе излезат нови генерали, офицери. Гордост е да се види оваа слика со македонската униформа, но и со питомците од пријателски земји кои се заедно со нас“, им порача министерот Мисајловски на питомците.

Додаде дека со вклучувањето на питомци од Босна и Херцеговина и Црна Гора, ја развиваме регионалната соработка, а Академијата е симбол за знаење и лидерство.

„Бидете силно ангажирани, покажете како се сака татковината зашто вие сте иднината на Армијата“, рече Мисајловски.

Министерство за одбрана

Министерот Хелез истакна дека целите – стабилност, мир и членство во евроатлантските структури не се само политички аспирации, туку потреба за нашите народи за сигурност, просперитет и достоинствен живот.

„Министерството за одбрана и вооружените сили на Босна и Херцеговина продолжуваат со интензивните реформи, за да бидеме целосно интероперативни со силите на НАТО и во согласност со европските стандарди. Во тој процес, искуствата и поддршката од земјите како вашата кои поминаа низ тие фази за нас се драгоцени“, рече министерот.

Министерство за одбрана

На првиот академски час се обрати и деканот на Воената академија, полковникот Ненад Танески на питомците им порача дека „униформата која ја носите е симбол на чест, доверба и служба, кон татковината и кон регионалната безбедност и мир“, укажувајќи дека средбата во ист состав, по четиригодишното образование, кога питомците ќе бидат промовирани во потпоручници, ќе биде најдобрата потврда за заедничкиот успех.

Извор: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Кампања против Никола Ѓурѓај – обид за замолчување на Македонците во Албанија

Следно

Борко Ристовски продолжува со инвестициите – уште едно игралиште за младите!

Latest from Blog

АС: Реал ќе ги продава Чуамени и Камавинга

фото: Um Madridista @UmMadridistaa (X) Реал е подготвен да продаде еден од своите играчи од средниот ред за да ги покрие трошоците за трансфери.  Како што објави „Ас“, мадридскиот клуб размислува за

СТИГНА ОДГОВОР: Дали Германија ќе распореди сили во Ормуз?

Денес, германскиот министер за одбрана Борис Писториус ги намали надежите за евентуално брзо распоредување на германските сили како дел од евентуална воена операција за отворање на Ормутскиот теснец, објави денес „Тагешау“. Клучна

Со што ќе се соочат македонските граѓани со бугарски пасоши ако Бугарија побара да се откажат од македонското државјанство?

Професорот Александар Спасов, Правниот факултет при УКИМ Скопје, во интервју на ТВ 24 објаснува што би се случило доколку Бугарија побара од македонските граѓани кои поседуваат и бугарско државјанство да се откажат

Теренскиот караван на ВЛЕН стартуваше од Дебар со фокус на проекти и инфраструктура

Од градот ВЛЕН започна теренскиот караван по нејзиното консолидирање во единствен политички субјект, при што копретседателите Изет Меџити и Биљал Касами ја започнаа теренската агенда со посета на градот Дебар. Првата станица

Еве зошто Франција (не)сака да биде прва во групата И!

ФОТО:.facebook.com/fifaworldcup/ Откако САД, Мексико и Германија го обезбедија првото место во своите групи, започнаа пресметките за можните соперници во елиминациската фаза. Токму поради ова, потенцијалниот судир меѓу двете европски суперсили, Франција и
Go toTop