Процедурата е завршена, средствата од унгарскиот заем веќе треба да легнат на сметката во НБРМ!

October 17, 2024
1 min read

Процедурата за префрлање на средствата од заемот од унгарската Експорт-импорт банка е завршена и денеска се очекува да легнат на сметката на Народната банка, а веќе утре да се трансферираат во Буџетот. Ова го најави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостувањето на ТВ Алфа.

 „Секторот од МФ ме информираше дека сѐ е подготвено и очекувам средствата да бидат префрлени на сметката во Народната банка, а потоа ќе бидат насочени кон општините и компаниите. Проектите на општините кои ќе бидат финансирани од средствата се веќе избрани. Износот што го побараа општините за реализација на нивните проекти беше поголем, при што важно беше тие да бидат во завршна фаза за да може да придонесат и кон економскиот развој“, рече министерката.

 Во однос на оној дел од заемот којшто е планиран за приватните компании, соопшти дека во петок ќе има средба со Македонската банкарска асоцијација на која ќе се разговара за распределба на средствата кон компаниите, кои ќе бидат распределени по завршување на постапката за нивно префрлање во Развојната банка.

 Министерката најави дека веќе е започната процедурата за повлекување и на втората транша од заемот од Унгарија, а тие средства ќе се искористат за отплата на еврообврзницата која доспева во јанаури 2025 година.

 Во интервјуто таа се осврна и на Предлог-буџетот за 2025 година, истакнувајќи дека фокусот ќе биде ставен на фискалната консолидација, поточно зголемување на приходите и намалување на расходите. Следната година, како што посочи, буџетскиот дефицит е планиран на 4%, а потоа да се намали на 3,5% и во 2027 година да достигне 3%.

 Посочи дека она што беше главна определба или ветување на Владата е предвидено со Буџетот за 2025 година, а тоа е пораст на пензиите за 2.500 денари, средства за образовниот сектор, потоа 250 милиони евра за проекти во општините, средства за инфраструктурни проекти, за коридорите 8 и 10д и сл. 

 Се осврна и на резултатите од работењето на Управата за јавни приходи и на Царинската управа и притоа напомена дека повратот на ДДВ кон компаниите се врши континуирано, па така во септември е извршен поврат во износ од 2,250 милијарди денари, во август 2,116 милијарди денари и во јули 1,740 милијарди денари. 

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Време е за џез, почнува Скопски џез фестивал

Следно

Управа за финансиско разузнавање: Внимавајте на фиктивни инвестициски платформи кои нудат брза заработка и вложувања во крипто-средства

Latest from Blog

Титула заверена на „Ел Класико“: Барса со победа над Реал до 29. шампионски наслов (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона за само 18 минути ја освоија 29-тата титула шампион на Шпанија, откако на домашен терен го победија Реал Мадрид со 2:0 во „Ел Класико“ натпреварот од 35-тото коло на

ИДФ: Либански проектил падна на израелска територија

ИДФ соопшти дека нема повредени и дека е подигната тревога во областа Рамат непосредно пред инцидентот. „Уште еднаш, странската терористичка организација Хезболах го прекрши договорот за прекин на огнот“, соопшти Израелската војска

Македонска технологија во светската елита: „Грин Машинс“ БРАКО го привлече вниманието на најголемиот саем во Германија

Македонската компанија БРАКО и брендот Green Machines деновиве се претставуваат на еден од најголемите светски саеми за еколошки технологии и урбана инфраструктура – IFAT Munich во Минхен. На престижниот меѓународен настан, кој

Македонскиот „Грин Машинс“ меѓу светската елита на ИФАТ во Минхен

Македонските возила за урбана хигиена „Грин Машинс“, кои се произведуваат во БРАКО во Велес, привлекоа големо внимание на престижниот светски саем ИФАТ во Минхен — еден од најзначајните меѓународни настани посветени на
Go toTop