Протестираа штипските пензионери

October 11, 2023
1 min read

реклама

Со посни полнети пиперки денеска протестираа штипските пензионери на Градскиот плоштад „Слобада”. Порачаа дека покачувањето од 600 денари е игра со нивните чувства. Додаваат дека за сопствените пари за кои работеле по 40 години денеска мора да бидат на улица. Соња Арсовска координатор на Иницијативниот одбор за протести вели  дека со ова покачување не може да се преживее месецот, мора да бираат дали ќе купат храна и лекови, или ќе платат сметки.

-Видовме како си поиграа со нашите чувства и ни покачија по 600 денари. Со која свест и душа, Тренчевска дали вие имате жал? Погледнете ги овие напатни пенизонери, со нарушено здравје, да се влечкаме, да доаѓаме и да протестираме за нашите пари. Тоа се наши пари, одвоени од нашите грбови, работевме по 40 години, а вие нашите пари не ни ги давате, вели Арсовска.

реклама

Пензионерите остануваат со истите барања, линеарно покачување на пензиите и услогласување на минималните пензии. Најавија и дека протестите продолжуваат и ќе се радикализираат.               

 -Се знае по којзнае колкупати кажавме 5000 денари линеарно и минимална пензија од 18000 денари, рече Арсовска.

реклама

Штипските пензионери  повикаа и на масовност на протестите, бидејќи  какошто велат само на тој начин може да се изборат за исполнување на  барањата.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Папа Франциск: Многу сум загрижен поради сеопфатната опсада на Газа

Следно

Синдикатот на контролори на летање попладне на средба во Министерството за транспорт пред утрешниот штрајк

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop