Протести во Турција: Се бара ослободување на градоначалникот на Истанбул кој беше приведен

March 22, 2025
1 min read

Десетици илјадни жители на турција излегоа на улиците на Истанбул, Анкара и Измир трета ноќ по ред, барајќи ослободување на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, уапсен под обвинение за корупција и поврзаност со терористички организации.

И покрај официјалната забрана за јавни собири, протестите добија масовна поддршка од политичките партии, синдикатите и граѓанските организации ширум земјата. Апсењето на Имамоглу доведе до најголеми протести во Турција од 2013 година, кога земјата беше потресена од масовни антивладини демонстрации во кои загинаа неколку лица. 

„Со години растевме во страв, поради случувањата во паркот Гези. Тогаш имав 13 години , сега 25. Јас сум дете од Гези Паркот. Се разбира дека ќе дадеме отпор на ова и дека ќе победиме.“

„Имав 10 години кога со моето семејство бевме на протестот во паркот Гези. И денеска сме тука. Заедно со младите, ние секогаш ќе си ги бараме правата и ќе си ги заштитуваме.“

„Денеска сме тука за да ги заштитиме вредностите за кои не научија луѓето кои беа дел од протестите во паркот Гези во 2013 година.“

За опозициската Народна републиканска партија, случајот е политички мотивиран…И покрај забраната,  повика на мирни протести. За многумина, Имамоглу е главен фаворит да го замени Реџеп Таип Ердоган, кој 22 години владее со Турција.

„Откога Ердоган ја основа својата партија, нас не победува. Ние победивме на 31-ви Март. Има победници и губитници. Непобедлив е единствено Екрем Имамоглу.“ – Озгур Озел претседател на Републиканската народна партија.

Во Истанбул, полицијата употреби солзавец и гумени куршуми за да ги разбие протестите и да ги потисне стотиците демонстранти кои се обидоа да ги пробијат барикадите. Од турското МВР велат дека приведувањата се направени за да се спречат нарушувања на јавниот ред и предупредиja дека нема да толерираат хаос и провокации. До денеска напладне, бројот на уапсени се искачи на 343 лица.

Според турското обвинителство, 53-годишниот градоначалник на Истанбул Екрем Имамоглу, е обвинет за корупција и изнуда.Тој се сомничи и дека водач на криминална организација како и за поврзаност со терористички организации. Покрај Имамоглу, уапсени беа повеќе од 100 лица, меѓу кои бизнисмени и новинари.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ќе има ли одговорност: Секоја втора дискотека со лиценца не ги исполнува условите

Следно

Почина Светлана Броз, внуката на Јосип Броз Тито

Latest from Blog

Катар: Иран премина многу црвени линии, нападите имаат катастрофални последици

Предупредувањето доаѓа во време кога војната меѓу САД, Израел и Иран продолжува без знаци на крај на повидок, објави Ал Џезира. Ал-Ансари на денешната прес-конференција изјави дека нападите на Иран врз Катар

Баражи за СП: Босна „гори“, ќе игра на Светско, пеналите ја носат и Чешка на Мундијал (ВИДЕО)

Босна слави! Италија не успеа да ја преживее Зеница и повторно не успеа да обезбеди пласман на Светско. Босанците ја победија четата на Џенаро Гатузо по подобро изведување на пенали, откако по
Go toTop