Протестен марш во Скопје – родителите на загинатите во Кочани на средба во ОЈО и МВР

April 29, 2025
1 min read

Родителите на децата кои трагично ги загубија животите во пожарот во дискотеката во Кочани, за прв пат маршираа и низ Скопје. Дел од нив беа повикани и на средба со државниот јавен обвинител.

„Одговарајќи на сите поставени прашања и дилеми на блиските на починатите, обвинителите ги уверија дека истрагата е сеопфатна и се земаат предвид сите аспекти на евентуална одговорност за трагичниот настан. На семејствата им беше најавена и динамиката на претстојни распити на оштетените како следна фаза од истражниот процес“, вели ЈО.

Маршот продолжи пред Собранието. Неколку пратеници додека траеше редовната пауза за ручек, им се придружија на демонстрантите велејќи дека ја разбираат нивната болка.

„Со неговата добрина и ангелско лице гледаше да спаси многу животи, но за жал неговиот не. Затоа што беа оставени сами на себе да се борат и да се спасуваат едни со други. Тој беше толку многу хуман што не можел да ги остави своите другари да загинат“, вели родител.

Марширајќи стигнаа до Министерството за внатрешни работи.

„Правда од овој случај мора да има, ако сакаме да имаме нормална држава. Овие деца ако сакаме да имаме нормална држава никогаш не треба да бидат заборавени“, вели Панче Тошковски.

На денешниот протестен марш поддршка даде и поранешната шефица на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

RYCO со грантови за култура: 3 илјади евра за индивидуалци, 6 илјади евра за организации

Следно

Италијанската премиерка ги пофали како одлични односите со Туркије и вети нивно натамошно унапредување

Latest from Blog

Утре портокалова фаза, температури до 40 степени

Многу топло време со високи температури и мала до умерена облачност ќе биде за време на викендот и следната седмица. Управата за хидрометеоролошки работи на својата фејсбук станица објави дека утре ќе

Кога сезоната ќе почне, трибините ќе бидат празни кога ќе игра еден гигант во Серија А!

Кога на 22 август ќе започне јубилејната 125-та сезона од италијанското фудбалско првенство, а воедно и 95-тата, која се игра според двокружниот систем базиран на бодови, немојте да се изненадите ако ги
Go toTop