Протестен марш во Аргентина по повод 49-годишнината од воениот удар

March 25, 2025
1 min read

Во Аргентина се одржа протестен марш во сеќавање на воениот удар што се случи пред 49 години и против одрекувачките изјави на претседателот Хавиер Милеи во врска со периодот на диктатурата, известува Анадолу.

Десетици илјади граѓани се собраа на Булеварот „9 Јули“ во главниот град Буенос Аирес и маршираа до плоштадот Плаза де Мајо.

Граѓаните носеа транспаренти и плакати во знак на сеќавање на жртвите од периодот на пучот, извикувајќи пароли „Не забораваме, не простуваме и не се помируваме“.

Реагирајќи на коментарите на претседателот Милеи за тоа што се случило за време на пучот, учесниците на маршот ја повика Владата да ги пронајде исчезнатите.

На маршот учествуваа различни политички партии, синдикати, организации за човекови права и „мајките на Плаза де Мајо“.

Според податоците што ги објавија организациите за човекови права, 30.000 луѓе исчезнале во пучот од 24 март 1976 година, најкрвавиот и последен од шесте воени удари извршени во Аргентина во 20-тиот век.

– Мајките на Плаза де Мајо (Мајките на плоштадот Мај)

Носејќи бели марами на главите, мајките на Плаза де Мајо веќе 40 години секој викенд се собираат на плоштадот пред Претседателската палата.

Семејствата бараат информации за нивните деца кои исчезнале за време на воениот режим кој владеел со земјата во периодот од 1976 до 1983 година.

Владата на претседателот Милеи го минимизираше кршењето на човековите права за време на диктатурата и ја доведе во прашање општоприфатената бројка од 30.000 исчезнати.

Владата тврди дека за насилството во 1970-тите подеднакво биле одговорни и државната власт и вооружените групи.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврна во Маврово

Следно

Системски промени, правда и одговорност, побараа учесниците на вчерашниот протестен марш

Latest from Blog

Пезешкијан: Иран не бара војна, економскиот притисок има за цел да ја оцрни владата

Зборувајќи на состанокот со религиозните водачи и следбеници од различни вери по повод 47-годишнината од Исламската револуција, Пезешкијан нагласи дека Иран се стреми кон мир, единство и служба на народот. Тој истакна

Андоновски на Глобален дијалог во Будимпешта 2026: Стратешката соработка е клуч за градење отпорни системи во дигиталниот свет

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, еден од главните говорници на Budapest Global Dialogue 2026, истакна дека стратешката соработка меѓу државите и партнерите е суштинска за градење отпорни институции, стабилни демократии и

Зимски услови на државните патишта: Намалена видливост на планинските премини, внимателно возење

Државните патишта се сè уште под влијание на зимските услови. На планинскиот превој меѓу селото Лисец и Попова Шапка се забележуваат мали остатоци од снег кои се задржани на коловозот, додека на

Битола со 500 илјади денари ќе поддржи проекти на граѓански здруженија и фондации

Општина Битола го објави јавниот повик за доделување на финансиски средства од Буџетот на општина Битола на здруженија на граѓани и фондации за 2026 година. Распределбата на средствата за здруженијата/фондации од Буџетот
Go toTop