Протест во знак на поддршка на Палестина се одржа во Скопје

November 18, 2023
1 min read

СКОПЈЕ (АА) – Протест во знак на поддршка за Палестина и палестинскиот народ се одржа во Скопје, известува Анадолу.

Десетици граѓани од различни етнички групи кои живеат во земјава учествуваа на протестот организиран од група граѓани пред зградата на Владата.

Демонстрантите го критикуваа „воздржаното“ гласање на Северна Македонија за нацрт-резолуцијата за „непосреден, постојан и траен хуманитарен прекин на огнот“ во Газа на Генералното собрание на Обединетите нации на 27. октомври, опишувајќи го како срамно и нехумано.

„Војната во Палестина мора да заврши. Прекинот на огнот не смее да биде доволен, туку мора да се најде трајно решение кое ќе биде од корист не само за Палестинците, туку и за израелскиот народ“, изјави активистот Здравко Савески.

Демонстрантите извикуваа слогани како „Слобода за Палестина“, „Израел е терорист“, „Стоп за насилството“, „Стоп за војната“, „Убијци“, „Крај на апартхејдот“.

Покрај тоа, демонстрантите носеа транспаренти на кои на македонски, албански и на англиски јазик пишуваше „Слобода за Палестина“, „Стоп за убијците на бебиња“, „После Сребреница, рековте никогаш повеќе. Срам за светот“, „Стоп за геноцидот“, „Итен прекин на огнот“.

Во рамките на протестот, на учесниците преку звучници им беа пуштени песни за мир на арапски и хебрејски јазик, а беа рецитирани и песни за Палестина.

Протестот на кој безбедносни мерки презедоа мал број полицајци, заврши без инциденти.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Османи: Специјалната поштенска марка „За луѓето се работи“ ќе сведочи за нашето Претседавање со ОБСЕ

Следно

Семејствата на заробените Израелци на протестен марш против израелската влада

Latest from Blog

„Росатом“ евакуираше 163 вработени од нуклеарната централа Бушер во Иран

Нуклеарната централа Бушер неодамна беше погодена, а тоа беше единствената оперативна нуклеарна централа во Иран и во неа работат Руси. Шефот на „Росатом“ Алексеј Лихачев изјави дека околу 300 вработени на компанијата

Земјотрес вечерва ја стресе југоисточна Македонија

Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е почвтсвуван вечерва во 20 часот и 8 минути во југоисточните делови на државата, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Go toTop