Протест во Израел по повод 500 дена во заложништво: Семејствата бараат враќање на своите најблиски

February 17, 2025
1 min read

Активисти и роднини на израелските заложници кои веќе 500 дена во Појасот Газа каде ги држи милитантната палестинска група Хамас, излегоа денеска на улиците и ги блокираа патиштата во поголемите израелски градови.

Според „Тајмс оф Израел“, роднините на израелските заложници, со поддршка на активисти, на овој начин го одбележуваат 500-тиот ден од заробеништвото на нивните најблиски.

Собраните пред зградата на Кнесетот во Ерусалим пред почетокот на протестниот марш му се заблагодарија на американскиот претседател Доналд Трамп и се согласија дека продолжувањето на војната е еднакво на „смртна казна“ (за заложниците).

Семејствата на заложниците во Газа повикаа на враќање на своите најблиски додека земјата денеска одбележува 500 дена од масакрот на 7 октомври, јави „Ерусалим Пост“.

Во 7 часот наутро, роднините на заложниците започнаа марш кон Кнесетот во Ерусалим.

Леви Бен Барух, чичко на заложникот Едан Александар (21), кој се наоѓа во заробеништво, пред резиденцијата на премиерот во Ерусалим одржа молитва за нивно ослободување.

– 500 дена нашите браќа и сестри се држени како заложници од Хамас. Утрото го започнуваме со крик и молба до Создателот на светот да ги ослободи од нивните маки. ‘Шма Израел’ (зраелска утринска молитва), ги слушаме нивните потресни сведоштва, а нашите срца се кинат“, изјави тој, пренесува Ен-12.

– Тие се врзани, гладни и измачувани. Бараме сите да се вратат дома, до последниот заложник, додаде тој.

Макабит Мајер, тетка на заложниците Гали и Зив Берман, киднапирани од Кфар Аза на 7 октомври, рече: „Денот 500 не се разликува од сите досегашни денови – продолжуваме да чекаме овој кошмар да заврши. И ние сакаме да почнеме да заздравуваме, а и мојата сестра заслужува повторно да ги прегрне своите синови.“

Хана Коен, тетка на заложничката Инбар Хајман, киднапирана од музичкиот фестивал Супернова, изјави: „Веќе 500 дена четири жени, две деца, мажи, војници и млади луѓе се држат како заложници од Хамас. По 500 дена, време е да се стави крај на страдањето и за нив и за нас.“

Естер Бухштаб, мајка на Јагев Бухштаб, кој загина во заробеништво, додаде: „Ние, семејствата, сме тука да потсетиме дека нема време за одложување.“

Во 11:40 часот семејствата започнаа со постење што ќе трае 500 минути, до 20 часот.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Заедничка превентивна акција на МВР и општините Кисела Вода и Центар

Следно

Студен бран со снег ја зафати земјава

Latest from Blog

Општина Битола: Во тек е прием на иницијативи за енергетски капацитети

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги информира сите заинтересирани инвеститори дека 1 април е краен рок за поднесување иницијативи за изградба на енергетски објекти со инсталирана моќност помала од 1

Земјотрес со магнитуда од 7,6 степени регистриран во Тихиот Океан во регионот на Тонга

Според информациите на Американскиот институт за геофизика, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 238 километри под морското дно. И минатата година во овој период, поточно на 30 март, силен земјотрес со

Земјотрес со магнитуда од 7,6 степени регистриран во Тихиот Океан во регионот на Тонга

Според информациите на Американскиот институт за геофизика, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 238 километри под морското дно. И минатата година во овој период, поточно на 30 март, силен земјотрес со

Земјотрес со магнитуда од 7,6 степени регистриран во Тихиот Океан во регионот на Тонга

Според информациите на Американскиот институт за геофизика, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 238 километри под морското дно. И минатата година во овој период, поточно на 30 март, силен земјотрес со

Тркалезна маса за можноста за воведување уставна жалба

Подигнување на свеста и поттикнување суштински институционален дијалог за можните уставни измени и законодавни реформи поврзани со воведување уставна жалба, како механизам за директна заштита на основните слободи и права пред Уставниот
Go toTop