Протест пред зградата на Владата во Белград: Активистите бараат оставка од министерот Весиќ

November 3, 2024
1 min read

Во Белград, пред зградата во која се сместени повеќе министерства, меѓу кои и она за градежништво, транспорт и инфраструктура, како и републичкото обвинителство, протестираат активисти кои бараат оставка од министерот Горан Весиќ.

Пред влезот на министерството е распоредена полициска единица.

Иван Бјелиќ, активист на групата SviĆe (Се разденува, но и Сите ќе), во име на насобраните побара Весиќ брзо да поднесе оставка, во спротивно владата ќе биде „одговорна за она што ќе следи во вторник во Нови Сад“, каде е планиран поголем протест.

Дел од насобраните активисти, кои претходно се собраа на протестот кај старата железничка станица поради трагедијата во Нови Сад, имаат обоени ракавици во црвено, носат транспаренти „рацете ви се крвави“- како порака до властите, а во исто време извикуваат „оставка“, пренесува Бета.

„Ќе го уапсите ли министерот Весиќ? Дали некој го прашал дали дал оставка. Најверојатно се сокрил во дупка за стаорци“, ги прашал Бјелиќ полицајците читајќи ги нивните имиња од значките на униформите.

Активистите најавија дека овој протест е само почеток на граѓанската непослушност и дека ќе учествуваат и на протестот во Нови Сад, како и дека ќе бидат порадикални, доколку дотогаш не се поднесат оставки поради трагедијата во Нови Сад.

Копретседателката на „Заедно“ Билјана Стојковиќ за ТВ Н1 изјави дека власта ги довела граѓаните во очај и гнев и дека е невозможно повеќе да се разговара со властите „бидејќи тоа би значело да се согласат со нивните игри“.

Активистите беа информирани дека во меѓувреме нешто пред пладне е ослободен Никола Ристиќ од организираната група SviĆe, кој беше приведен пред протестот кај старата железничка станица.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мајка пријавила во полиција обид за грабнување на нејзината тригодишна ќерка

Следно

ФОТО: Ова се загинатите во несреќата во Нови Сад

Latest from Blog

КАКО БИ САКАЛЕ ДА УМРЕТЕ?! Праша Reddit а одговите се… богами има и креативни

Неодамна на популарната социјална мрежа Reddit се појави прашање кое ги прави повеќето луѓе да се чувствуваат непријатно, но Србите покажаа неверојатен спектар на емоции преку своите одговори – од длабока поезија

Мистериозна ЖЕНА БО БЕЛО ШЕТА НИЗ БЕЛГРАД, сведоците и медиумите немаат објаснување!

Во текот на ноќта, жителите на Белград беа сведоци на морничави сцени на жена во бело кои се појавуваа на улиците. Снимките од социјалните медиуми документираа необјаснети сцени кои дополнително ја интригираат

Претседателот на Фенербахче на распит за поседување дрога

ФОТО: Sadettin Saran/FB Претседателот на турскиот гигант Фенербахче, Садетин Саран, е повикан на сослушување како осомничен во истрага за дрога. По давањето исказ пред обвинителите, 61-годишниот Саран е испратен во Одборот за
Go toTop