Протест пред Влада за случајот со Клиниката за Онкологија

October 9, 2023
1 min read

реклама

Во организација на платформата „Одговорност“ денеска повторно се одржа протест пред Влада за случајот со Клиниката за Онкологија.

Дел од присутните истакнаа дека не веруваат во институциите.

реклама

Манев Славољуб изјави дека не верува оти новоформираната собраниска Комисија ќе го реши случајот.

-Од тоа нема ништо да биде, не верувам во тие приказни, затоа што јас еве на десното око воопшто не гледам, заради обично перде ме оперираа во „8 Септември“, се формира комисија, докторот дојде ја призна вината пред суд, а комисијата рече нема грешка за да не одговара кривично. Исто така, и лекарската комора го чуваше предметот четири години за да застари делото, така да и со оваа комисија сега јас не верувам дека нешто ќе се случи, ова е страшно. Помладите нека си наоѓаат некое чаре, моето поминало, туку за нив што ќе биде, истакна Манев Славољуб.

реклама

Ајаноски Ташко посочи се осврна на се помалата заинтересирност за протестот, истакна дека луѓет не излегуваат на протести затоа што не веруваат во институциите.

-За тие граѓани кои не ги интерерсира политика сакам да им порачам едно, само да ги потсетам дека квалитетното здравство, воздухот што го дишеме, стандардот што се повеќе и повеќе ни се снижува, се е до политичката волја на елитите, порача друг протестант.

реклама

На претходниот протест кој, исто така се одржа пред Влада организаторите истакнаа дека протестите се организираат, бидјеќи голема е недовербата во институциите, воедно порачаа дека нема да дозволат сознанијата од Онкологија да се заборават.

реклама

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски: Потребна ни е поддршка од граѓаните за спроведување на реформите во земјоделието

Следно

Мицкоски: Никаква амнестија за криминалците!

Latest from Blog

Божиновска: Поддршката од САД е значајна за реформите во енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска остварила средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во земјава, Никол Варнес. На средбата се разговарало за продлабочување на

Коњановски најавува изградба на 6 нови паркинзи во Битола

Општина Битола започнува изградба на шест нови паркинг простори за подобрување на сообраќајната инфраструктура и олеснување на паркирањето за граѓаните. Новите паркинзи ќе бидат изградени кај „Овчи Пазар“, кај „Ат пазар“, во

Проданоски најави инвестиции од 12 милиони евра за развој на Прилеп

„Општината е финансиски стабилна и со поддршка од централната власт влегуваме во нов циклус на капитални инвестиции вреден околу 12 милиони евра“, порача градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, во гостувањето во утринската
Go toTop