Протест пред Уставниот суд во Тирана, кој ја почна расправата за албанско-италијанскиот договор за мигранти

January 29, 2024
1 min read

Пред Уставниот суд во Тирана, кој денеска го разгледува договорот со Италија за мигрантите, се одржува протест, на кој учеснците порачаа „стоп за договорот“.

-Народ на бегалци, бегалски камп. Стоп за овој договор, престанете со пропагандата, извикуваа учесниците во протестот, претежно млади.

Преиспитувањето на уставноста на договорот од Уставниот суд побараа 30 пратеници од опозицијата, од групата на Сали Бериша и Газменд Барди, кои бараат поништување на договорот, оценувајќи дека се прекршени сите закони и оти претставува опасност по националната безбедност.

Највисоката судска институција по доставеното барање, во декември ја суспендираше ратификацијата на договорот во Законодавниот дом, кој истиот го имаше ставено на дневен ред, а на 18-ти овој месец расправата ја закажа за денеска. И тогаш пред судот протестираше поголема група млади од Лежа, на чија територија, треба да бидат изградени прифатните центри.

Договорот, што на почетокот на 6 ноември во Рим го потпишаа премиерите Еди Рама и Џорџа Мелони предвидува изградба на центри за мигранти во пристанишниот град Шнѓин и во Ѓадр, поранешна, сега напуштена, воена база, во кои треба да се сместуват најмалку три илјади бегалци месечно, односно 36 илјади годишно, кои се фатени во обид илегално да влезат на италијанскиот брег.

Договорот има важност од пет години со можност за негово продолжување. Центрите за пет години, Италија ќе ја чинат над 650 милиони евра.

Долниот дом на италијанскиот Парламент на 24 месецов го ратификуваше договорот, кој треба да го одобри италијанскиот Сенат. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Турскиот министер за надворешни работи, Фидан, во Тирана се сретна со албанскиот колега Хасани

Следно

МОН: Не сме иницирале покачување на партиципацијата за студирање, износите остануваат исти како и досега

Latest from Blog

Шефот на Росатом предупредува дека ситуацијата во иранската нуклеарна централа Бушер се влошува поради нападите

Ситуацијата во иранската нуклеарна електроцентрала Бушер продолжува да се влошува, а нападите претставуваат директна закана за нуклеарната безбедност, изјави шефот на руската државна нуклеарна корпорација Росатом Алексеј Лихачев по уште еден напад

Каква е улогата на кокаинот во изјавите на СДСМ за бомбардирање на Македонија и паниката за лажните мигранти

По дебатата меѓу Јон Фрчкоски кој е директор на Центарот за анализа на СДСМ и Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ се поставува прашањето дали зад ширењето паника за мигранти од Велика Британија и

Коњановски: Битола е пример за интегритет и транспарентност

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на значаен состанок организиран од Националниот демократски институт (НДИ), посветен на зајакнување на интегритетот на институциите и борбата против корупцијата на локално ниво. Настанот се
Go toTop