Протест на коалицијата „Србија против насилството“, обвинуваат за изборна кражба и бараат поништување на изборите во Белград

December 18, 2023
1 min read

Коалициските лидери Мариника Тепиќ и Мирослав Алексиќ најавија штрајк со глад

Граѓански протест се одржува вечерва во Белград, пред Градското собрание, во организација на коалицијата „Србија против насилството“. Учесниците на протестот бараат поништување на белградските избори поради, како што велат, бројни нерегуларности, пренесува РТС.

Коалициските лидери Мариника Тепиќ и Мирослав Алексиќ најавија штрајк со глад.

Фото: Принтскрин

Граѓаните заедно со лидерите на коалицијата „Србија против насилството“ дојдоа во зградата во која е сместена Републичката изборна комисија и бараат повторување на изборите во Белград.

Лидерите на коалицијата „Србија против насилството“ вечерва до Републичката изборна комисија треба да достават докази за наводни нерегуларности на белградските избори, а носителот на изборната листа на таа коалиција, Мариника Тепиќ најави дека таа и нејзиниот колега Мирослав Алексиќ ќе започнат штрајк со глад до поништување на изборите.

Тепиќ рече дека дошле пред РИК, кое е второстепено тело на изборите во Белград, бидејќи „луѓе од друга земја со злоупотреба одлучувале за изборите во Белград“.

„Имаме докази и бараме поништување на изборите, а јас и Алексиќ, престојувајќи во РИК, ќе започнеме штрајк со глад до поништување на изборите“,

најави Тепиќ.

Кандидатот за градоначалник на Белград од листата „Србија против насилството“, Владимир Обрадовиќ, рече дека не ги прифаќаат резултатите од изборите во Белград поради бројни нерегуларности со образложение дека не бараат повторување на некои избирачки места, туку поништување на целиот изборен процес во Белград и негово повторување.

Пред Републичката изборна комисија беа поставени барикади со српски знамиња, а пред вратата беа униформирани полицајци.
При пристигнувањето пред зградата во која е сместено седиштето на РИК, учесниците на протестот се обидоа да ја пробијат заштитната ограда. Ситуацијата на моменти беше многу тензична, но немаше сериозни инциденти.

Српската Републичка изборна комисија сè уште ги брои гласовите и до 21 часот треба да излезе со прелиминарни резултати.

Вучиќ и СНС уште од синоќа прогласија апсолутна победа на овие избори.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Абдуш Демири и Зулфи Адили се кандидати за член на ДИК

Следно

Преку ЦУК побарана помош за заглавено лице во викендичка над кавадаречко Радња

Latest from Blog

Британски дипломат протеран од Русија поради обвинувања за шпионажа

Доказите за шпионажа ги открила Московската агенција за безбедност и контраразузнавање, пренесуваат руските медиуми, при што на неименуваниот дипломат му е наредено да ја напушти земјата во рок од две недели. Британската

Министерството за правда и Управниот суд потпишаа Меморандум за соработка

Во пресрет на Денот на правосудството, Министерството за правда претставувано од министерот за правда Игор Филков и Управниот суд претставуван од претседателот на судот, Бурим Сејдини, потпишаа Меморандум со кој се воспоставува

Пред Велигден под лупа: Агенцијата за храна со засилени контроли на јајца, месо и бои

Во пресрет на велигденските празници и традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведува засилени контроли кај операторите со храна
Go toTop