Проширена истрага со нови 19 осомничени за пожарот во Кочани

April 12, 2025
1 min read

Основното јавно обвинителство Кочани денеска донесе Наредба со која ја прошири истрагата во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ на нови 19 лица. Сите тие се осомничени за Тешки дела против општата сигурност.

Станува збор за службени лица, кои во периодот од 2012 година до 16 март годинава, заеднички но секој од аспект на своето својство, надлежности и одговорности, воопшто не постапиле според прописите за мерките за заштита и со тоа предизвикале опасност за животот и телото на луѓето и имот од големи размери.

Меѓу новите осомничени се овластени градежни инспектори во Општина Кочани, директори и генерален инспектор од Дирекцијата за заштита и спасување, министри за економија, државни секретари и други службени лица од тоа министерство, како и инспектори од Државниот пазарен инспекторат. Постојат сомненија дека нивните незаконити дејствија и пропусти во континуитет довеле до тоа кабаре КЛУБ ПУЛС во Кочани од самиот почеток во подолг временски период па се до настанување на пожарот да продолжи да врши угостителска дејност без воопшто да исполнува законски услови за тоа и со нарушување на сите безбедносни правила по животот на лицата кои го посетувале објектот.

До крајот на денов, Основното јавно обвинителство Кочани до Основниот суд во Кочани ќе достави предлози за определување соодветни мерки за обезбедување на присуството на секој од новоосомничените. – се вели во соопштението.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Арнаутовиќ со гол и мајсторска асистенција ја најави победата на Интер (Видео)

Следно

Инцидент во Егејско Море: Турски рибарски брод пукал кон грчка гранична стража

Latest from Blog

Меган Маркл и принцот Хари најавија нов проект во соработка со Нетфликс (ВИДЕО)

Војводата и војвотката од Сасекс ќе го продуцираат филмот за стриминг услугата преку нивната компанија Archewell Productions. Како што објави Deadline, 44-годишната Меган и 41-годишниот принц Хари соработуваат на проектот со продуцентката

Араухо ја „преброди“ психолошката криза

Фото: ФЦ Барселона X Роналд Араухо се опорави и се враќа на тренинзите на Барселона. Каталонските медиуми денес потврдија дека Уругваецот успеал да се опорави од психолошките проблеми и се очекува да

Трипуновски: Заклучно со вчерашниот ден досега се откупени околу 15 милиони килограми тутун

„Откупот на тутунот и оваа година се спроведува мирно“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во гостувањето во „Тема на денот“ во Дневникот на МРТ. „Како и минатата година,

Трипуновски: Заклучно со вчерашниот ден досега се откупени околу 15 милиони килограми тутун

„Откупот на тутунот и оваа година се спроведува мирно“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во гостувањето во „Тема на денот“ во Дневникот на МРТ. „Како и минатата година,
Go toTop