ПРОПАЃА КИНОТО „МИЛЕНИУМ“ ВО ГТЦ, ГРАД СКОПЈЕ СЕДУМ МЕСЕЦИ ГО ИГНОРИРА БАРАЊЕТО ЗА НОВ ПРОЕКТОР ОТИ СТАРИОТ ВЕЌЕ НЕ СЕ НИ ПОПРАВА

July 30, 2023
1 min read

Седум месеци скопското кино Милениум функционира без дигиталниот ДЦП проектор купен во 2012, а Градот Скопје не одговара зошто не се купува нов од 3 милиони денари (50 илјади евра). Стариот веќе не може ни да се поправа, нема делови за него, оти веќе не се произведуваат такви модели.

Маргарита Арсова, уредничка на филмската програма во Младинскиот културен центар (МКЦ), во чија надлежност е киното, вели дека киното е во ужасна состојба, речиси непоправлива. Киното моментално работи со проектор кој го купиле за проекции под отворено небо, дигитален обичен проектор од кој пуштаат репертоар со исти филмови веќе 6 месеци.

„Ги пропуштивме најголемите блокбастери и македонски премиери, бидејќи немаме соодветни услови за прикажување на тие наслови. Ова е главниот проблем. Тука е и контиунирано прокиснување на кровот, во август 2022 киното се поплави целосно, не работеше 2 недели додека се санира. Секако, ентериерните амортизации, тоалетите се веќе пред исклучување, една тажна, непреболена атмосфера“, вели Арсова.

Во Милениум се пуштаат филмови од локални дистрибутери на формат кој тотално не е соодветен за таков вид киносала, само колку да се одржи кинорепертоарот на некаков минимум и, како што вели Арсова, да не дозволат да се затвори киното и да биде уште една тажна скопска приказна претворена во казино.

„Тоа е единствената причина зошто имаме таков кинорепертоар каков што нудиме моментално. И секако, за да не ја разочараме најмладата публика, бидејќи токму нивните роденденски прослави зависат од проекциите на детската програма“, додава таа.

Арсова вели дека од Град Скопје немаат никаков одговор, а неколку пати е разговарано и запознаени се со состојбата.

„Единствено што знаеме и на сите ни е веќе општо познато е дека Градот е во незавидна финансиска кондиција и нашето прашање воопшто не е на дневен ред. Само да потсетиме, главниот наш град нема соодветна кино сала која е репрезентативна, што значи немаме кино дејност. Милениум е дел од Еуропа синемас, најстарата мрежа на кино сали во Европа, и навистина ќе биде пропаст ако се затвори и голем пораз на нашиот град“, вели Арсова.

Во Македонија, постојат две киносали во Скопје, киното Фросина во МКЦ и Милениум, една во Свети Николе, една во Штип, и по една во Битола и во Велес. Независно од оваа кино мрежа во Скопје работи мултиплексот Синеплекс во рамки на трговскиот центар Сити мол.

„Имаме повеќе филмски фестивали од киносали. А Агенцијата за филм финансира над 20 филмски фестивали годишно. Како очекуваме баланс во однос на градење на кинопубликата за овие филмски фестивали, кога немаме кинопрограма во текот на целата година?“, вели Арсова.

САКАМДАКАЖАМ.МК испрати прашање до Град Скопје зошто не се купува нов проектор, но од таму не добивме одговор.

Од 28 јули до 6 август кино Милениум нема да работи поради колективен одмор. Кинопрограмата почнува од 7 август.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Љуљзим Баша повторно лидер на албанските опозициски демократи

Следно

Пораки од Стефанини: ЕУ нема друга опција освен да се прошири, а С Македонија да ги засука ракавите

Latest from Blog

Денот на албанското знаме во Скопје се прослави рафално, во Приштина и Тирана, достоинствено

Во Македонија се случи еуфорична прослава на албанско знаме, каква што немаше ниту во Косово ниту во Албанија. Тамошните граѓани, Денот на албанското знаме го прославија достоинствено. Во Тирана по повод 112

Македонија со убедлив пораз од Шведска го започна ЕП за ракомтарки

Женската ракометна репрезентација на Македонија со убедлив пораз од Шведска го почна настапот на Европското првенство, загубивме со 28-18. Македонските ракометарки имаа добар старт на мечот, поведовме и со 3-1, следуваше серија

Хаџи Јанев: Девастација на целиот систем 30 години, сите доајени на политикава се однесувале несоодветно

Во однос на состојбата во скривниците и нивното одржување, вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 проговори и проф. Методи Хаџи Јанев. Тој вели дека има девастација на целиот сектор речиси
Go toTop