Пронајдени црните кутии од урнатиот авион во Хонг Конг

October 25, 2025
1 min read

Црните кутии од товарниот авион што се урна на аеродромот во Хонг Конг во понеделник се пронајдени, соопштија властите денес.


Боингот 744 се лизнал од пистата за време на слетувањето, а потоа удрил во безбедносно патролно возило пред да се сруши во морето.

Несреќата беше една од најсериозните на Меѓународниот аеродром во Хонг Конг, еден од најпрометните во светот за воздушен товар, од неговото отворање во 1998 година.


Двајца обезбедувачи беа убиени во несреќата, а властите изјавија дека тие биле на безбедна позиција надвор од пистата.

По несреќата, неименуван портпарол на „Емирати ерлајнс“ за АФП изјави дека авионот бил „товарен авион изнајмен со екипаж и управуван од „Акт ерлајнс“, компанија со седиште во Истанбул“.


Бирото за транспорт и логистика на Хонг Конг соопшти дека ќе објави прелиминарен извештај за истрагата во рок од еден месец.

Агенциите за истрага на несреќи во цивилното воздухопловство на САД и Турција, како и експерти од „Боинг“, учествуваат во истрагата.


Извор: tv21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Димитриева: Време е за промени во Демир Капија, доволно беа овие осум години со водоводи кои не функционираат, улици кои се распаѓаат, затоа гласајте за бројот 9

Следно

Чаби Алонсо: Нема да ги коментирам зборовите на Јамал

Latest from Blog

„Охридско лето“ со незаборавна музичка вечер: Полските виртуози ја воодушевија публиката во Скопје

Националната установа „Охридско лето“ продолжува да ја збогатува културната понуда и надвор од редовната фестивалска сезона, приредувајќи уште една впечатлива концертна вечер во Камерната сала на Македонската филхармонија во Скопје. Виртуозниот полски

Николоски: Стратешкото партнерство со САД е силно, инфраструктурните проекти се реализираат со одлична динамика

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на САД во земјава.  На средбата беше потврдена посветеноста на стратешкото

Коњановски: Младинско катче и кариерен центар за учениците во битолското економско училиште

Учениците во СОЕУ „Јане Сандански“ во Битола добија младинско катче и кариерен центар. Просторот го уредиле самите ученици со поддршка од нивниот професор и координатор Целе Јолевски, а на свеченото отворање присуствуваше

Николоски: Ниските даноци и пристапот до европскиот пазар се предност за јапонските компании

Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи
Go toTop