Пронајден е урнатиот хеликоптер во кој се наоѓал иранскиот претседател Раиси

May 19, 2024
1 min read

Спасувачки тим вечерва го пронашол урнатиот хеликоптер во кој се наоѓал иранскиот претседател Ебрахим Раиси, објави иранската државна телевизија.

Агенцијата ИРНА наведува дека е објавена точната локација каде се урнал хеликоптерот во областа меѓу Ардешир и Бразин во Варзеган.

Хеликоптерот со иранскиот претседател Ебрахим Раиси имал инцидент при слетувањето во Источен Азербејџан.

Областа е карпеста, маглива и врнежлива, а овие услови многу ја отежнаа потрагата. Хеликоптерот со иранскиот претседател Ебрахим Раиси денес доживеа „тешко слетување“.

Раиси отпатува во иранската провинција Источен Азербејџан. Државната телевизија соопшти дека несреќата се случила во близина на Џолфа, град на границата со Азербејџан, на околу 600 километри северозападно од иранската престолнина Техеран, а спасувачката акција билеа отежната од силниот ветер и дождот.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ален – САД ги охрабруваат лидерите на Северна Македонија да го почитуваат Преспанскиот договор

Следно

Рама: Единствен кој може да го собори Курти од власт е самиот тој

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и ако тој глас допре до мене

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре
Go toTop