Промовиран „Еко-иновациски хаб“ на Економскиот факултет – Прилеп: образование, иновации и циркуларна економија во пракса

December 18, 2025
1 min read

Заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, денес присуствуваше и се обрати на завршниот настан на проектот „Еко-иновациски хаб“, кој се реализираше со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање, а се одржа во просториите на Економскиот факултет во Прилеп. Со поздравни говори се обратија и проф. д-р Моника Ангелоска-Дичовска и деканкатана факултетот, проф. д-р Татјана Спасеска.

Во рамки на настанот беа презентирани резултатите од проектот, новоформираната лабораторија за еко-иновации, како и опремата и еко-производите изработени од студентите и наставниот кадар. „Еко-иновацискиот хаб“ претставува современ академски простор кој овозможува примена на принципите на циркуларната економија, 3D технологии и одржливи практики, преку целосен циклус – од селекција и рециклирање на пластика, до екструдирање филамент и 3D печатење.

Обраќајќи се пред присутните, заменик министерката Лашкоска истакна дека ваквите иницијативи имаат клучна улога во поврзувањето на образованието, иновациите и заштитата на животната средина, нагласувајќи ја важноста на практичната примена на знаењето и активното вклучување на младите во зелената транзиција.

„Кога зборуваме за зелена транзиција, не зборуваме само за политики и стратегии, туку за знаење, вештини и луѓе. Ваквите хабови се места каде што младите не само што учат, туку создаваат решенија за иднината и стануваат активни носители на одржливи промени,“ изјави Лашкоска.


Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Таа додаде дека поддршката за проектот „Еко-иновациски хаб“ е дел од заложбите на Министерството за развој на зелени вештини, примена на иновативни технологии и поттикнување на циркуларни бизнис модели, во согласност со европските политики и Европскиот зелен договор.

Посебно беше нагласена активната улога на студентите, кои преку работилници и практична работа учествуваа во развојот и изработката на еко-производи, стекнувајќи практични знаења и компетенции потребни за современиот пазар на труд.

Настанот заврши со демонстративна сесија на процесите на рециклирање, екструдирање и 3D печатење, како и отворена дискусија за можностите за понатамошна соработка и развој на вакви иновативни академски иницијативи.

Министерството за животна средина и просторно планирање останува посветен партнер во поддршката на проекти кои придонесуваат кон одржливо образование, иновации и приближување кон европските стандарди за зелена и циркуларна економија.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Димитриеска-Кочоска: Дигитализацијата и ИТ безбедноста клучни за економски раст

Следно

Ужасни вести од Јужна Америка: Убиство на репрезентативец на Еквадор

Latest from Blog

Средношколци откриени дека користеле вештачка интелигенција за полагање државна матура

Со иста реченица на иста тема, ги издаде средношколците кои најверојатно користеле вештачка интелигенција на полагањето државна матура. Биле откриени кога биле прегледани нивните тестови. Доколку се знае дека темите и насоките

Далиќ има договор со ОАЕ за 5 милиони евра годишно

фото: MugFPL @PandaNoComply (X) Како што пренесуваат медиумите во Хрватска, поранешниот селектор на хрватската репрезентација се сели во Обединетите Арапски Емирати. Без оглед на интересот на Саудиска Арабија и Јужна Кореја, Далиќ

Поддршка за МАРОКО ДА ГИ ЗАЗЕМЕ ШПАНСКИТЕ ЕНКЛАВИ НА НЕГОВА ТЕРИТОРИЈА

Новиот бран мигранти што ги погоди шпанските енклави Сеута и Мелиља минатата недела го отвори повторно прашањето за безбедноста на тие територии и ги зголеми загриженостите на Мадрид во врска со долгогодишните
Go toTop