Промоција на книгата „Феминистичка теорија на насилството“ на Франсоаз Вержес

December 26, 2024
1 min read

Во Културно социјалниот простор Центар Јадро денеска 19.30 часот ќе се одржи промоцијата на книгата „Феминистичка теорија на насилството“ на француската политикологина и историчарка Франсоаз Вержес, првото издание на Тиииит! Инк. во новата едиција за феминистичката литература и теорија на македонски јазик именувана Vagina Dentata, чија уредничка е Јана Коцевска.

„Феминистичка теорија на насилството: За антирасистичка политика на заштита“ е куса книга во превод на Дарко Леитнер-Стојанов на македонски јазик, а во уредништво на Вики Младенова. Книгата ја разгледува моменталната состојба на насилството во општеството од феминистичка перспектива, фокусирајќи се на насилството врз жените, но во исто време не ограничувајќи се на тоа.

Насилството во книгата се разгледува во поширока смисла не само што вклучува физичко насилство како што вообичаено се разбира (силување, масакри, геноцид и така натаму) и исто така извршено, на пример во војни, туку и дискриминација, тешкотии и ранливости, чиј товар го сносат (неправедно) само одредени сегменти (жени, расизирани луѓе, оние наречени „опасни“ класи итн.), деградација на екосистеми и немилосрдно заграбување на ресурсите. Книгата тврди дека не можеме да одговориме и да се осврнеме на насилството врз жените без да го земеме предвид насилството како целина – глобалната состојба на насилство што опстојува денес.

Франсоаз Вержес, родена во Париз и порасната на Реунион (остров во Индискиот Океан и една од француските прекуокеански територии), е политикологина, теоретичарка, антирасистка и застапничка на антикапиталистичката и деколонијална феминистичка теориска струја. Фокусот на нејзиниот истражувачки интерес, меѓу другото, е насочен кон колонијалното ропство, феномените на креолизација, постколонијална критика и особено продлабочен кон деколонијалниот феминизам.

Форматот на вечерашната промоција ќе ни овозможи да поразговараме со преведувачот Дарко Леитнер Стојанов, уредничката Вики Младенова, уредничката на едицијата Јана Коцевска и Александра Перишиќ, професорка на FMK – Факултет за медиуми и култура во Белград. Програмата се реализира во склоп на Малиот новогодишниот Темплум саем на книга.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ПОДЗАБОРАВЕН Е ЛИКОВНИОТ ОПУС НА РИСТО ЛОЗАНОВСКИ, А Е ЕДЕН ОД КРЕАТОРИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА УМЕТНОСТ, ВЕЛИ НАЦИОНАЛНАТА ГАЛЕРИЈА ЗА ВЕЧЕРАШНАТА ИЗЛОЖБА

Следно

Ќе се гради втората фаза од жичницата во Скопје од Капиштец до Средно Водно

Latest from Blog

Усвоена Стратегијата за образование 2026-2032

Министерството за образование и наука информира дека е усвоена новата  Стратегија за образование 2026-2032 и Акцискиот план за нејзина имплементација. -Стратегијата во изминатите неколку месеци е изработена преку широка дискусија, со учество на бројни
Go toTop