Промоција на книгата „Непријатност во културата“ од Гоце Дртковски вечерва во „Јавна соба“

March 14, 2023
1 min read

Во скопскиот културен простор Јавна соба вечерва (вторник) во 20 часот издавачката куќа „Љубовта е петтиот елемент“ од Скопје ќе ја промовира новата книга на Гоце Дртковски „Непријатност во културата“, со поднаслов „За предморалноста и другите демони“. На промоцијата наречена „Љубов за време на корона“, ќе бидат претставени уште три книги за нашата богата традиција – „Итар Пејо“, „Приказни од земјата Македонија“ и „Цркви и манастири“.

Во книгата есеи Дртковски ја проблематизира културната атмосфера во Македонија, односите во неа и, како последица, провинцијализацијата на културата. Гоце Дртковски работи како новинар, колумнист, автор е на книгите „Затворено општество“ (1994), „Слободен новинар“ (1998) и „Вонредна состојба“ (2016).

Во книгата е објавен и текстот „Паланката – центар на светот“ од угледната универзитетска професорка д-р Анета Серафимова, во кој се поместени проверени факти поврзани со состојбата во културата и образованието. Во поговорот на книгата „Културата и предизвиците на (не)времето“ Гоце Смилевски, со интегритет на голем писател, ја облагородува мислата присутна во есеите.

За нашиот митски јунак Итар Пејо во магичната книга со луксузни корици и со стотина илустрации сместени се 50 приказни – собрани од Цепeнков до средината на дваесетиот век, во период од сто години. Изработен е и богат речник на помалку познати зборови од народниот јазик. Илустраторот Смиле Цветановски во манир на уметник од старата школа, создава визија за едно древно време.

Во книгата со најубавите „Приказни од земјата Македонија“, Весна Ацевска раскажува на прекрасен македонски јазик. Уметницата Натали Николовска со својата креативна слобода во изразувањето создаде стандарди за изгледот на јунаците од народните приказни.

Водичот „Цркви и манастири“, на англиски јазик, во себе ги има впиено целата култура, традиција и историја на православието во Македонија. Во книгата се опфатени околу 130 цркви и 45 манастири.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

МВР: 242 санкции за брзо возење

Следно

Грета Тунберг го избриша своето пророштво

Latest from Blog

Стентон Градба ја обнови јужната трибина на „Петар Милошевски“ – Битола доби современ фудбалски дом

Градежната компанија Стентон Градба ја заврши реконструкцијата на јужната трибина на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, обезбедувајќи младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година да ги одигра домашните квалификациски натпревари во

Изет Меџити: Чаир станува пример за модерно предучилишно образование

Општина Чаир продолжува да поставува нови стандарди во предучилишното образование, со цел да обезбеди квалитетна грижа и образование за најмалите. Првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити, кој е и

Притвор за игуменот и други пет лица уапсени за продажба на икони и реликвии во Грција

Мерка притвор им е одредена на игуменот на грчкиот манастир Успение на Пресвета Богородица на Пелопонез, на неговиот помошник и на уште четрири други лица кои во понеделникот беа уапсени за поседување
Go toTop