Променливо облачно со локални врнежи од дожд, во делови од Македонија ветер со јачина над 70 км/час

September 15, 2024
1 min read

Времето утрово ќе биде посвежо, преку денот ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд особено во западните и северните делови.

Ќе дува умерен ветер од западен до југозападен правец кој претежно во југозападните делови од земјата ќе е силен односно над 70 км/час. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и услови за слаб краткотарен дожд во делови од котлината. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Времето во наредните денови ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Температурите во следниот период ќе се задржат пониски, а кон средината на неделата наместа се очекуваат и пообилни врнежи.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кристина Неагу на крајот од сезоната се повлекува од ракометот

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: Расипничко однесување на СДС и ДУИ во здравството, директорите  незаконски набавувале лекови

Latest from Blog

Проданоски: Прилеп станува место каде што се среќаваат науката, бизнисот и практиката

Прилеп е домаќин на 14. меѓународна научна конференција „Економијата, бизнисот и општеството во дигитализирана средина“, во организација на Економскиот факултет – Прилеп. Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека конференцијата претставува

Коњановски: Телефоните на страна за време на наставата во битолските училишта

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, предложи иницијатива за ограничување на користењето мобилни телефони во основните и средните училишта во општината, која беше усвоена од Советот на Општина Битола. Коњановски посочува дека

Општина Битола: Градот влегува во нова развојна ера со 180 проекти

Општина Битола објави преглед на реализацијата на 180 проекти наменети за развој и унапредување на градот. Според податоците прикажани во општинскиот инфографик, досега се завршени 62 проекти, што претставува 34 проценти од
Go toTop