Промените во здравството кон квалитетни и навремени услуги започнуваат со грижата за здравствените работници и покачувањето на платите од над 40% во еден мандат

November 21, 2024
1 min read

Трансформацијата на здравствениот систем во Македонија започна со потпишувањето на Колективниот договор за зголемување на платите на здравствените работници, 2,450 денари поголеми плати за сите во здравството и 3,850 денари за медицинските сестри, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Исплатата на овие покачувања кон вработените ќе почне веќе од ноемвриската плата.

-Со Владата на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните конeчно ќе добијат квалитетни и навремени здравствени услуги. Со Владата на ВМРО-ДПМНЕ следуваат реформи и трансформација на здравствениот систем. ВМРО-ДПМНЕ се грижи и го вреднува трудот на здравствените работници со цел подобрување на услугите во здравството и пациентите како крајна цел. Планот за зголемување на платите започнува во 2024 година, а средствата за плати во здравството се покачуваат за 10% и овие покачувања ќе траат во текот на целиот мандат на оваа Влада. Вработените во здравството добиваат покачување на платите од 40 до 50 проценти во следните четири години, посочуваат од владејачката партија.

Следната 2025 во март месец ќе има дополнителни 5% зголемување на платите, наредната 2026 година зголемувањето ќе е од 5-7 %, истото зголемување од 5-7% ќе биде и во 2027, а од 7-10 % ќе биде зголемувањето во 2028 година.

-Со владата на ВМРО-ДПМНЕ стартува модификација и реформи во здравствениот систем, подобрување на услугите и грижа за пациентите. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја врати довербата на пациентите во здравствениот систем, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Подгответе се за дожд и силен ветер денеска

Следно

САД ќе ѝ дозволат на Украина да користи американски противпешадиски мини за забавување на руското напредување

Latest from Blog

Манчестер јунајтед во јануари ќе купува нов напаѓач

Манчестер јунајтед би можел да има бурен јануарски преоден рок, особено во нападот. Неизвесноста околу здравствената состојба на Бењамин Шешко дополнително ги натера челниците на клубот да размислуваат за засилување во офанзивната

Мајка избоде три деца во Австралија, едното почина

 Едно петгодишно дете почина, додека другите две деца и мајката се во критична состојба. 45-годишната осомничена била пронајдена со повреди за кои полицијата верува дека сама си ги нанела. Сведоци ја опишуваат

САД се стремат кон целосно уривање на Меѓународниот кривичен суд

Администрацијата на Трамп подготви пакет санкции што за прв пат би го вклучил целиот Меѓународен кривичен суд како институција, а не само неговите поединечни судии и обвинители. Два извори запознаени со подготовките
Go toTop