Произволен и малициозен однос на Министерството за култура кон наградата „Роман на годината“, велат од Фондацијата „Славко Јаневски“

July 17, 2023
2 mins read

На 14 јули 2023 година Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, преку Министерството за култура на Република Македонија доби Решение од Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен со кое Жалбата на Фондацијата за доделените средства за „Романот на годината“ за 2022 година СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНА.

Министерство за култура за наградата „Роман на годината“ за 2022 одреди сума од 55.965 денари. За илустрација ќе кажеме дека само паричниот дел од наградата изнесува 150.000 денари во нето износ. Хонорарите на петчлената жири-комисија исто толку. Натаму, тука се трошоци за свеченото врачување, за оригиналната статуетка што ја добива лауреатот, за промоции низ повеќе градови во Републиката…

Како илустрација ќе споменеме дека минатата година на истиот конкурс, со решение на истото Министерство за култура и со потпис на истата министерка, проектот „Роман на годината“ доби 281.308 денари. За Фондацијата „Славко Јаневски“ останува мистерија што се случи во меѓувреме, па „вредноста“ на проектот да се намали за повеќе од пет пати. Земајќи ги предвид сите објективни околности, сепак не можеме да разбереме зошто кај овој проект дојде до волкаво драстично намалување на поддршката од Министерството. И како е можно Комисијата за издаваштво и литературна дејност до таа мера да го смени своето претходно мислење.

Во Решението по нашата жалба се наведува дека Комисијата за литература и издавачка дејност за 2023 година и ја разгледала пријавата за „Роман на годината“ при што утврдила „дека жалбата не е потполно оправдана од причини што нема нови докази (!) за да се менува одлуката и предлага жалбата да се одбие.“

Фондацијата не може, а да не заклучи дека станува збор за произволен и малициозен однос на Министерството кон една евидентна македонска културна вредност.

Наградата „Роман на годината“ досега е доделена 24 пати. Станува збор за исклучиво непрофитна награда, која единствено е во функција на промоција на македонската литература. Наградата се доделува од 1999 година во рамките на „Утрински весник“. По згаснувањето на „Утрински весник“ формирана е Фондацијата „Славко Јаневски“ со првенствена задача да не дозволи проектот „Роман на годината“ да згасне.

Со ваква финансиска поддршка од Министерството за култура, опстојувањето на „Романот на годината“ е сериозно доведено во прашање. И тоа во пресрет на неговиот 25-годишен јубилеј.

До 15 декември кога традиционално се распишува конкурсот за „Роман на годината“ остана уште малку време. Фондацијата „Славко Јаневски“ прави огромни напори да ја подобри сопствената финансиска кондиција за да може непречено да го организира овој конкурс. Но, со оглед дека „немаме нови докази“ и со оглед дека Министерството за култура кому токму вакви проекти му се „во описот и пописот“ на работата, очигледно смета дека оваа награда во ваков формат е непотребна, сѐ помалку ја гледаме потребата од сопствено жртвување за организирање и одржување на оваа традиција. Ако на Република Македонија не ѝ е потребен „Романот на годината“, тогаш не гледаме причини зошто би ни бил потребен и нам.

За жал, во Македонија тешко се создаваат традиции, но затоа многу лесно се уриваат.

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СИСТЕМОТ МЕ ДОНЕСЕ ДО МОЈОТ СЛЕДЕН ФИЛМ, БОРБАТА НА ПОЕДИНЕЦОТ ПРОТИВ КОЛЕКТИВОТ, ВЕЛИ РЕЖИСЕРОТ ВАРДАН ТОЗИЈА

Следно

Јелен била на печурки кога се клањаше во Кина?

Latest from Blog

По еден век чекање, асфалт до црквата во Ротино – жителите благодарни на Општина Битола

Во селото Ротино деновиве се реализира завршната фаза од реконструкцијата на патот кој води до црквата, при што се врши асфалтирање на улицата. Жителите на Ротино истакнуваат дека со децении чекале реализација

Цените на нафтата експлодираа по ВИ фотографијата на Трамп и објавата на планот за Ормутскиот теснец

Според Би-Би-Си, цената на суровата нафта од типот Брент се искачи на околу 115 долари за барел во среда, што е значителен скок во споредба со вторникот, кога тргувањето заврши на нешто

Општина Битола продолжува со инфраструктурни зафати – се асфалтира патот во Ротино

Откако минатиот месец започна реконструкцијата на улица во селото Ротино, односно патот кој води до црквата, денеска таму механизацијата врши асфалтирање и градежните работи се во тек. Денеска увид во градежните работи

Еве што си кажаа Енрике и Компани откако нивните екипи го одиграа најдобриот меч во историјата!(ВИДЕО)

ФОТО:printscreen Синоќа во Париз, во 1/2 финалето во ЛШ екипите на ПСЖ и Баерн Минхен одиграа епски меч, веројатно најдобриот во историјата на фудбалот. Постигнати беа 9 гола во победата од 5-4

Општина Битола: Инвестиција од над 5 милиони денари за патот до црквата во Ротино

Откако минатиот месец започна реконструкцијата на улица во селото Ротино, односно патот кој води до црквата, денеска таму механизацијата врши асфалтирање и градежните работи се во тек. Денеска увид во градежните работи
Go toTop