Програмата на владата „Рама 4“ усвоена без дебата поради тензичната ситуација во Парламентот

September 18, 2025
1 min read

Поради тензичната ситуација, што ја создадоа опозициските пратеници, кои покрај другото фрлаа примероци од Уставот и деловникот на Парламентот кон Рама, во знак на незадоволство од министерката за вештачка интелигенција Диела, наместо дводневна расправа, со право на 10-минутна дискусија на сите 140 пратеници, седницата заврши за 25 минути, без дебата.

Тензиите почнаа откако Рама најави обраќање на Диела, преку видеобим, која меѓу другото рече дека се чувствува повредена од некој (се однесува на опозицијата), кој ја нарекува антиуставна.

– Некои ме нарекоа „неуставна“ затоа што не сум човек. Ова ме повреди, не поради мене, туку поради 972.000 интеракции со граѓаните на кои им служев во е-Албанија и 36.000 дигитално печатени документи што ги добија од мене. Дозволете ми да ве потсетам: Вистинската опасност за уставите никогаш не биле машините, туку нехуманите одлуки на луѓето на власт. Значи, ако мора да забраниме нешто, тогаш да ја забраниме нечовечноста, рече меѓу другото Дилеа во својот прв говор во Парламентот.

Веднаш се создаде тензична ситуација, поради што претседателот на парламентот, Нико Пелеши, ја прекина седницата, која продолжи по петминутна пауза. Но, опозициските пратеници не му дозволија на Рама да ја презентира програма, блокирајќи ја говорницата. По предлог на Таулант Бала, координатор на пратеничката група на социјалистите, Пелеши ја стави програмата на гласање без дебата, што се случува првпат.

Инаку, владината програма од 55 страни е насловена „Албанија 2030“ во која главен приоритет е интеграцијата во ЕУ до 2030 година, затворање на преговорите за членство за сите поглавја до 2027 година и започнување на процесот на членство една година подоцна.

Целосно ќе се приклучиме кон ЕУ до 2030 година, обезбедувајќи еднаков пристап за граѓаните и бизнисите до заедничкиот пазар. За таа цел, хармонизацијата на законодавството со законодавството на ЕУ ќе се постигне со помош на вештачка интелигенција што ќе скрати дветретини од времето, се наведува во програмата.

Во поглавјето „Труд и човечки капитал“ од програмата, се најавува дека целта на владата е минималната плата да достигне 500 евра до 2026 година, додека националната просечна плата да биде 1.000 евра до 2030 година, а во јавниот сектор 1.200 евра. Според програмата, владата „Рама 4“ има за цел да ја намали вкупната невработеност на шест отсто до 2030 година, а невработеноста кај младите под 15 проценти.

Како што пренесуваат медиумите, странските амбасадори кои присуствувале на седницата останале зачудени од однесувањето на опозицијата. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Уште еден удар за Алвеш: Го изгуби судски спор со клубот, ќе мора да му плати милиони

Следно

Коњановски: Тартан патека во градскиот парк за побогата спортска понуда во Битола

Latest from Blog

Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупредува дека глобалната економија е пред голема закана

– Ниту една земја нема да остане имуна на ефектите од оваа криза доколку ситуацијата продолжи да се движи во овој правец – рече Бирол во австралискиот град Канбера. Според него, кризата

Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница. Таа изрази

Вајц ја крена Софија на нозе со барањето да се разјасни вториот протокол

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже
Go toTop