Професор Димовски: МВР апсолутно одговори на висина на задачата, брзо одреагирало и се што се презема е координирано и добро испланирано

March 20, 2025
1 min read

Универзитетскиот професор, Злате Димовски смета дека истрагата за трагичниот настан во Кочани се одвива професионално и дека иако станува збор за услови на пожар на масовна деструкција, сите до сега преземени мерки од надлежните институции се добро координирани и испланирани.

Во своето гостување во централниот Дневник на Македонската радио-телевизија истакна дека тоа што треба да се направи во вакви случаи, впрочем што и надлежните институции направиле, е да се делува фронтно што побрзо и да се организираат сите чинители, сите оние коишто треба да ги разјаснат сите оние околности коишто постојат.

„Во услови на масовна деструкција, како што е сега ова, сметам дека се она што се презема е координирано и добро испланирано. Факт е дека ваквите настани не можат да се предвидат, факт е дека веднаш треба да се делува фронтно што побрзо и да се организираат сите чинители, сите оние коишто треба да ги разјаснат сите оние околности коишто постојат. Да се увиди прво се она што може да се стори на самото лице место, да се обезбеди самото лице место максимално за да не дојде евентуална контаминација на трагите, да се помогне пред сè на жртвите. Понатаму, да се пронајде се она што е трага, се она што може да послужи како доказ, сето тоа да се подигне, да се разговара со многу луѓе“, вели професор Димовски.

Запрашан, дали Министерството за внатрешни работи одговорило соодветно на задачата, со оглед на тоа што проценка на целата ситуација и најголемиот товар падна на министерството, професорот Димовски вели дека МВР апсолутно одговорило на сите предизвици, брзо одреагирало и организирано се постави на висина на задачата.

„Апсолутно, МВР е она коешто и претходно преземало одредени чекори. Зборувам, од она што имаме и сознанија. Еве имаме и загинат полицаец многу малку му се придаде важност на сето тоа, а требаше навистина. Затоа што тој загина на должност, си ги обавуваше оние обврски кои нему му беа дадени како задача таа вечер. Министерството многу брзо одреагирало, согласно сознанијата, не сум бил на лице место. Пред сè и над се помогнало да се санираат состојбите, потоа го обезбедило соодветно објектот за да може покасно, евентуално, да се пристапи кон утврдување на се она што би можело да се пронајде како трага, коешто утре дефинитивно ќе значи дека нешто таму се случувало. Или колку поблиску ние ќе ја доведеме таа позиција до материјалната вистина, едноставно ни требаат многу факти и докази во тој дел“, истакна Димовски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Томовски: Целосно ќе ги покриеме трошоците за лекување, во контакт сме со операторите за ослободување од роаминг и интернет за семејствата на повредените!

Следно

Белата куќа: Трамп „целосно го поддржува Израел“ во продолжувањето на офанзивата врз Газа

Latest from Blog

Најмалку десет мртви, повеќе од 20 повредени во експлозија во џамија во Нигерија

Најмалку десет лица загинаа денес кога, според нигериските власти, бомбаш самоубиец активирал експлозивна направа за време на молитва во џамија во градот Мајдугури, главниот град на државата Борно во Нигерија, изјавија безбедносни

,,Доктор Филипче потпиша евтаназија на СДСМ‘‘

„Македонското законодавство познава убиство од небрижност. Познава и убиство со умисла, но не познава (само)убиство со умисла!‘‘. Оваа порака со која поранешниот градоначалник на Скопје и висок функционер на СДСМ, Петре Шилегов

Зидан се појави на КАФ за да навива за својот син кој брани за Алжир

Легендарниот француски фудбалер, Зинедин Зидан, беше присутен на трибините на стадионот „Мулај Ел Хасан“ во Рабат на натпреварот меѓу Алжир и Судан на Купот на африканските нации. Причината е тоа што неговиот

Песков: Преговорите за Украина треба да се водат зад затворени врати

Руската страна сè уште верува дека преговорите за решение на конфликтот во Украина треба да се водат зад затворени врати, изјави портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков. Во својата изјава за РБЦ,
Go toTop