Проф.д-р Срцева со едукативни препораки за феноменот селфи, актуелен кај младите, чии последици често се со фатален крај

February 11, 2025
1 min read

Марија Јовановски – Срцева во своето гостување во “Добриот доктор” на Сител, говореше за феноменот селфи, односно селфи предизвик кој ги зафаќа претежно помладите лица и е доста честа појава која за жал некогаш завршува во единиците на интензивна нега и трагично.

– Факт е дека живееме во едно модерно време каде секојдневно се занимаваме со предизвиците на новите технологии.

Од една страна тие техники и технологии многу ни се наоѓаат и многу ни помагаат, но за жал отвораат некои нови поглавја посебно во медицинската пракса.

Феноменот селфи првпат е спомнат во 2014 година од Универзитетот од Оксфорд кога за првпат почнуваат да се прават епидемиолошки студии поврзани со селфи феноменот.

Воведувањето на феноменот како термин не настанува поради случајност, туку поради немила случка која се случува во Либан, каде четворица адолесценти правејќи слика си играат со граната и го губат животот.

Притоа морам да напоменам дека кога зборуваме за феномен селфи не зборуваме за медицинска дијагноза, туку зборуваме за акцидентална, несакана појава која настанува како резултат на сликање, појаснува проф.д-р Срцева, анестезиолог на КАРИЛ и директор на ТОАРИЛУЦ.

За жал студиите покажуваат дека повредата при селфи не е доволно евидентирана.

Литературата вели дека селфито како појава може да предизвика различен вид повреди, без притоа да се направи јасна дистинкција на самите повреди.

Таа посочи дека постои студија каде е наведено дека околу 259 личности го изгубиле живототот заради правење селфи, осврнувајќи се на повредите кои може да настанат од селфи.

– За жал, 90 отсто од овие селфи повреди се од електрична струја, најчесто сликање на вагони, околу железница, метро односно секаде каде има коализија со високо-напонска струја, појасни таа, додавајќи дека пристапот за лекување е мултидисциплинарен.

Секој пациент кој ќе дојде со електрилен удар се смета за критично болен пациент и се третира во единицата за интензивно лекување со постојан мониторинг 24 часа, обезбедување на дишниот пат, пратење на мокрачата, надоместување на течности и др, тие практично доаѓаат во еден шок.

Проф.д-р Срцева упати апел за сериозноста и опасноста кои ги носи овој предизвик, внимателност и запознавање со последиците и свесност за околината што ги опкружува, подигнување на свесноста и едукација со цел да се спречат трагични настани со фатален крај.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Денот во 60 секунди: Инвестиции во обновливи извори на енергија, замрзнување на трговската маржа за поевтини производи на полиците

Следно

Коцевски: Секогаш сум работел согласно закон

Latest from Blog

ИНТЕРВЈУ ЗА БУЛЕВАР.МК | Сања Божиновска: ЕУ ги препозна конкретните реформи и резултати во енергетиката

Европската комисија издвојува конкретни реформи и резултати, а гасните врски се енергетски автопати на државата 1. Во новиот извештај Европската комисија бележи напредок во енергетиката. Кои позитивни оценки ги сметате за најважни

КОШУТИЌ: Институциите да утврдат дали има одговорност за наодите од ревизијата

Генералниот директор на ЖРСМ Транспорт, Дејан Кошутиќ, очекува надлежните институции, меѓу кои и Јавното обвинителство, да ги разгледаат наодите од конечниот извештај на Државниот завод за ревизија и да преземат мерки во

Нови перспективи за новото лидерство: заврши 17. Школа за млади лидери на претседателот Иванов

Со завршна свеченост во хотелот „Инекс Олгица“ во Охрид, на 6 ноември заврши седумнаесеттата Школа за млади лидери на претседателот Иванов, посветена на темата „Нов свет. Ново лидерство. Нов прагматизам“. Годинашното издание

„И Здравје и Работа“: Македонија треба да ги следи европските политики за критични суровини и да создаде услови за одговорно рударство

Европскиот извештај е поттик за усогласување на законодавството, развој на рударството и искористување на потенцијалот на домашните минерални ресурси Европската Унија јасно укажува дека критичните минерални суровини имаат стратешко значење за европската

„Паркинзи Битола“: Приходот од 2.747 СМС-пораки за роденденот на градот ќе оди за хуманитарни цели

И покрај тоа што паркирањето во Битола било бесплатно по повод „Роденденска Битола“, 1.363 корисници испратиле вкупно 2.747 СМС-пораки за регулирање на паркинг-сесиите, соопштија од „Паркинзи Битола“. Од јавното претпријатие најавија дека
Go toTop