Продолжуваат жестоките судири во Судан

July 3, 2023
1 min read

КАРТУМ (АА) – Денес продолжија жестоките судири меѓу суданската армија и воената група Сили за брза поддршка (РСФ) во главниот град Картум, изјавија очевидци, јавува Анадолу.

Судири се пријавени во близина на основно училиште во Јужен Картум, во кои армиските сили користеле артилериско гранатирање за да ги потиснат борците на РСФ, велат очевидци.

Тешки борби се пријавени и во градот Бахри, северно од Картум. Од неколку области во градот се забележани издигнувања на чад.

Во градот Омдурман армиските сили започнаа операција за пребарување на членовите на паравоената група, изјавија очевидци.

Сè уште нема извештаи за жртви.

Судан е опустошен од борбите меѓу армијата и РСФ од април, во судири во кој досега загинаа речиси 1.000 цивили, а беа повредени 5.000, според податоците на локалните медицински лица.

Меѓународната организација за миграција (ИОМ) проценува дека во конфликтот се раселени повеќе од 2,5 милиони луѓе.

Неколку иницијативи за прекин на огнот со посредство на саудиски и американски посредници не успеаја да ги запрат борбите меѓу двата воени ривала.

Судан е без функционална влада од октомври 2021 година, кога војската ја собори преодната Влада на премиерот Абдула Хамдок и прогласи вонредна состојба, потег што политичките сили го квалификуваа како „државен удар“.

Транзицискиот период на Судан, кој започна во август 2019 година по соборувањето на претседателот Омар ал-Башир, требаше да заврши со избори на почетокот на 2024 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кремљ не се надева на исполнување на руските барања од Црноморскиот Договор за жито

Следно

Се снимаше документарец за ,,Копачка”

Latest from Blog

Божиновска: Поддршката од САД е значајна за реформите во енергетиката

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска остварила средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во земјава, Никол Варнес. На средбата се разговарало за продлабочување на

Коњановски најавува изградба на 6 нови паркинзи во Битола

Општина Битола започнува изградба на шест нови паркинг простори за подобрување на сообраќајната инфраструктура и олеснување на паркирањето за граѓаните. Новите паркинзи ќе бидат изградени кај „Овчи Пазар“, кај „Ат пазар“, во

Проданоски најави инвестиции од 12 милиони евра за развој на Прилеп

„Општината е финансиски стабилна и со поддршка од централната власт влегуваме во нов циклус на капитални инвестиции вреден околу 12 милиони евра“, порача градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, во гостувањето во утринската
Go toTop