Продолжуваат протестите против реформите во израелското правосудство

March 26, 2023
1 min read

ТЕЛ АВИВ (АА) – Израелците продолжуваат со протестите против планот на израелската Влада за реформи во судството, известува Анадолу.

Демонстрантите се собраа во Тел Авив извикувајќи слогани против израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, носејќи израелски знамиња. Пред почетокот на протестот, група музичари одржаа мини концерт.

Израелската Влада продолжува со својот план, чекор по чекор, со цел контроверзната судска реформа да помине во Парламентот, а противниците на таа реформа ја сметаат за мешање во судството и обид да се намалат овластувањата на судството во корист на извршната власт, поради што веќе 12 недели организираат протести.

Реформата, што ја предложи министерот за правда Јарив Левин, претставува најрадикална промена во системот на власта во Израел.

Планираната измена сериозно би ги ограничила овластувањата на Врховниот суд, би ѝ дала на Владата овластување да ги бира судиите и би се ставил крај на практиката државниот обвинител да ги именува правните советници во Министерството.

Нетанјаху, на кого му се суди за корупција, тврди дека оваа реформа би ја унапредила демократијата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Пролетен дождлив ден во Скопје

Следно

Муцунски: Граѓаните добиваат нов и реконструиран булевар, проект кој се реализираше со сериозна поддршка и одговорност на општински служби во Аеродром

Latest from Blog

Масар Омерагиќ: Битола доби модерен стадион достоен за македонската репрезентација

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, изјави дека за рекордно краток период стадионот „Петар Милошевски“ во Битола е претворен во модерен спортски објект, достоен за националната репрезентација. „Кога зборовите стануваат

За Србија сојузот Косовски безбедносни сили и вооружените сили на Албанија е директна закана за државата и Србите

„Тоа е оската на политиката на приштинскиот режим, која со секој потег и нов чекор кон формирање на таканаречената голема Албанија е насочена кон Белград“, нагласи Петковиќ во соопштение. Како што истакна,
Go toTop