Продолжуваат блокадите на земјоделците во централна и северна Грција

January 26, 2024
1 min read

Грчките земјоделци веќе трет ден продолжуваат со блокадите во низа градови во централниот и северниот дел на земјата, а не ја исклучуваат можноста во следниот период да ги засилат протестите, јави дописничката на МИА од Атина.

Во секој случај, барем засега, станува збор за симболични блокади кои не се на автопати и не создаваат проблеми во сообраќајот.

Најголемите собири, со паркирани стотици трактори се во близина на градовите Лариса и Кардица, во областа погодена од поплавите што нанесоа штета на земјоделските површини.

Протести има и во други градови, во близина на Солун земјоделците се обидоа со тракторите се обидоа да стигнат до аеродромот, но беа спречени од полицијата.

Земјоделците, меѓу другото, бараат надоместоци поради намаленото производството предизвикано од непогоди и болести; изградба на инфраструктурни проекти за заштита од временските неприлики и намалување на трошоците за производство.

Министерот за земјоделство на Грција Лефтерис Авгенакис, говорејќи за грчкото радио „Скај“ изрази подготвеност да разговара со земјоделците, рече дека секој е добредојден за дискусија и посочи дека за областа Тесалија, погодена од поплавите, надлежните министерства досега дале околу половина милијарда евра

Паралелно објасни дека до 20 октомври 2023 година, кога системот беше отворен, биле поднесени 33.000 барања од земјоделците од Тесалија, кои добиле аванси во износ од 160 милиони евра.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меѓународниот суд на правдата му нареди на Израел да преземе мерки за да спречи геноцид

Следно

Рускиот министер за одбрана: Зголемено производството на муниција во текот на изминатата година

Latest from Blog

Коњановски: Градоначалничкиот мандат започна со нови градинки, спортски терени и дигитализација

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, го презентираше отчетот за првите 100 дена од новиот мандат, истакнувајќи дека фокусот е на инфраструктура, образование, спорт, култура и енергетска транзиција. Во овој период беше

Никола Ѓурѓај: „Нема да молчиме пред одлуки штетни за македонското население“

Македонското друштво “Илинден“-Тирана остро се спротивставува на отворањето мигрантски центри на територијата на општина Пустец. Сметаме дека ваквата одлука е донесена без претходна консултација со локалното население, без организирање јавна расправа

Шефицата на британската дипломатија повика да прекинат „ужасните искушенија“ на Џими Лаи

Лаи, 78-годишен британски државјанин, денеска е осуден на 20 години затвор, според законот за безбедност што го воведе Кина во оваа поранешна британска колонија. Во изјава на X од Министерството за надворешни
Go toTop