Продолжува топлотниот бран, температури над 40 степени

July 16, 2023
1 min read

УХМР најавува период со многу топло време, со дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35, а наместа и над 40 степени поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури

Момчиња се разладуваат на реката Треска за време на топлотниот бран што со температури од околу 40 степени ја погоди Северна Македонија и регионот. ФОТО EPA-EFE / GEORGI LICOVSKI (14.7.2023)

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 24, а максималната ќе достигне од 34 до 40 степени. УВ-индексот ќе биде 10.

фото: УХМР

Во Скопје денеска минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне 38 степени.

Слично време нè очекува и утре, а од Управата за хидрометеоролошки работи најавува дека топлотниот бран ќе продолжи и во следните денови.

фото: УХМР

„Подрачјето на нашата земја и во следниот период ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса. Ќе биде многу топло, со дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35, а наместа и над 40 степени поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури. УВ индексот ќе има многу висока вредност 10“,

информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лионел Меси официјално потпиша со Интер Мајами до 2025 година.

Следно

Грчката полиција трага по егзекуторите на Орхан Бајрами – Оки

Latest from Blog

АфД УБЕДЛИВО ВОДИ ВО НОВАТА АНКЕТА – Крајната десница станува сè посилна во Германија

Германската крајно десничарска партија Алтернатива за Германија (AfD) достигна нов максимум во потенцијалната поддршка од гласачите, според истражувањето на INSA објавено денес. Според анкетата, 35 проценти од испитаниците рекле дека можат да

Сулејмани: Со новиот закон за правична застапеност ги спречуваме злоупотребите – следуваат санкции за лажно етничко изјаснување

Заменикот министер за образование од коалицијата ВРЕДИ, Дритон Сулејмани, во гостувањето на емисијата „Топ Тема“ на Телма, најави дека новото законско решение за соодветна и правична застапеност конечно ќе стави крај на

Нова ликвидација во близина на Москва: Убиен уште еден руски генерал? (ВИДЕО)

Руските власти сè уште официјално не го објавија идентитетот на жртвата. Според каналот на Телеграм, Шот, мажот е 62-годишен, додека некои други извори одат чекор понатаму и шпекулираат дека жртвата е дури
Go toTop