Продолжува судењето за убиството на Вања и Панче, сведочи таткото на Вања

April 11, 2025
1 min read

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува денеска со почеток во 9 часот во Основниот Кривичен суд Скопје со сведочење на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски.

На изминатото рочиште, Ѓорчевски рече дека нема апсолутно никаква инволвираност и дека ниту ги познава, ниту може да ги гледа обвинетите во случајот за убиствата на неговата ќерка Вања и велешанецот Панче Жежовски. 

Одговарајќи на прашања од неговиот бранител, адвокат Владимир Туфегџиќ, Ѓорчевски исцрпно и  детално го опиша својот живот, односот со неговото семејство, моментите кога исчезнала Вања и односот со полицијата во текот на истрагата. Ѓорчевски рече дека смета дека дал голем придонес во истрагата и посочи дека претрпел тортура при распитите. 

Бранителот на Ѓорчевски во изјава за медиуми по судењето рече дека исказот на неговиот клиент е јасен и искрен, одразувајќи реално учество во настаните. Според Туфегџиќ, исказот на Ѓорчевски успеал да го долови неоснованото обвинение против него, а истовремено допрел и до застапникот на обвинението. Туфегџиќ ја нагласи тортурата вршена врз неговиот клиент, истакнувајќи дека Александар бил воздржан во своите изјави. 

Претходно, во процесот сведочеше обвинетиот Велибор Манев кој ги образложи грабнувањата и убиствата на Вања и Панче, посочувајќи дека главен организатор бил Љупчо Палевски. Боре Видевски го негираше своето учество во настаните, додека, Влатко Кешишев посочи дека тој не сведочел на истите, бидејќи најчесто му била давана задачата да чува стража. 

По Ѓорчевски, на кој денеска прашања треба да му поставува Обвинителството и одбраната на останатите обвинети, треба да биде сослушан и обвинетиот Љупчо Палевски. 

Во обвинението стои дека Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Салах потпиша нов договор со Ливерпул

Следно

Уапсени 105 лица осомничени за вмешаност во активности на групата „Исламска држава“ во Турција

Latest from Blog

Пелистер ја одбрани титулата

Големата битка за титулата во плеј-офот заврши со победа на Пелистер кој славеше против Вардар со 30-32 (17-15). Во финишот беше вистинска драма, баш како што доликува за еден меч за пехарот.

Закрепнување по трагедијата – трансплантација на кожа и PRP третман за ублажување на лузните

Повеќе од два месеци по трагедијата во дискотеката во Кочани – закрепнувањето на повредените се одвива според планот. На Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, кај десетина пациенти била извршена трансплантација на

Локализиран пожарот во село Пелинце

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека денеска во 14:16 часот на единствениот повикувачки број за итни случаи 112 бил пријавен пожар во село Пелинце, општина Старо Нагоричане, на место викано
Go toTop