Продолжува сослушувањето за Асанж

February 21, 2024
1 min read

Последен обид на Џулијан Асанж да избегне екстрадиција во САД. Во Високиот суд во Лондон, продолжува сослушувањето на основачот на Викиликс кого американските власти го обвинуваат за обвинет за шпионажа.

Пред поротата денеска ќе се обратат американските адвокати кои треба да го образложат барањето за екстрадиција..на последната сесија, бранителите на Асанж предупредија дека имаат докази кои јасно укажуваат на тоа дека станува за политички мотивиран случај и предупредија дека американската централна разузнавачка агенција планира да го убие Асанж за време на претседателскиот мандат на Доналд Трамп.

„Забраната за екстрадиција за политички престапи, рефлектирана во членот 4 од договорот за екстрадиција, има историска и правна важност.Тоа е една од најфундаменталните заштити признати во меѓународното право и во законот за екстрадиција. Другите западни земји и влади стојат цврсто против барањата за екстрадиција на САД поради политички прекршоци.“ – изјави Едвард Фицџералд адвокат на Џулијан Асанж.

Во кампањата за ослободување на асанж се вклучи и Едвард Сноуден кој порача дека ако политичарите не успеале да го спасат Алексеј Навални, се уште имаат време да му помогнат на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, кој се соочува со можна екстрадиција во Соединетите Американски Држави.

– „Ако молчите сега, кога всушност можете да влијаете на исходот, никогаш не сте застанале во одбрана на принципите, само се надевавте на аплауз. „Жртвата на „злосторството на Асанж е државата, а не личност.“ – изјави Сноуден.

Порталот „Викиликс“ стана познат во 2010 година кога објави видео од напад на американската армија во Багдад во 2007 година, при што загинаа десетици луѓе, меѓу кои и двајца новинари на Ројтерс. После тоа, беа објавени илјадници тајни доверливи документи и дипломатски извештаи во кои САД ги критикуваат светските лидери, од рускиот претседател Владимир Путин до членовите на саудиското кралско семејство.

Во САД, Асанж е обвинет за шпионажа по 17 точки, а доколку биде прогласен за виновен, може да добие и до 175 години затвор.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Граѓаните може само да се сликаат, за пасоши ќе почекаат

Следно

Реконструкција на Универзална сала

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример
Go toTop