Продолжува руската опсада на Бахмут, украинските власти не соопштуваат детали за ситуацијата во градот

March 5, 2023
1 min read

Руската армија продолжува со нападите во градот Бахмут, кој стана епицентар на војната во источниот дел на Украина, соопшти украинската војска. Според соопштението, украинската армија во последните 24 часа успешно спречила повеќе од 130 напади од руска страна на повеќе локации, а најмногу во Купјанск, Бахмут и Авдијевка. Генералштабот, соопшти дека украинската војска убила 930 руски војници во изминатите 24 часа, но бројот на жртви не може независно да се потврди.

„Непријателот продолжува со обидите да го опколи Бахмут“,

стои во соопштението на украинската армија.

Според информациите, нападнати се села на северот и западот на Бахмут, изјави вчера портпаролот на украинските воени сили за источниот дел Серхиј Черевати. Претходно, тој кажа дека ситуацијата во градот е тешка но под целосна контрола.

Од друга страна пак, руските медиуми јавуваат дека четириесет отсто од Бахмут е веќе под контрола на руската пешадија. Припадниците на групата Вагнер ги турнаа украинските сили во центарот на градот, додека руските сили ги контролираат источните, северните и јужните делови на Бахмут, пренесува Спутник. Украинските сили се во активна оперативна средина, а речиси сите линии за снабдување се под оган од руската артилерија.

Вчера, заменик-градоначалникот на Бахмут, Олександар Марченко, за Би-би-си изјави дека Русија сè уште нема воспоставено контрола врз градот и дека руските и украинските сили сега се борат на улиците во градот. Во Бахмут има уште 4 000 цивили кои живеат комплетно отсечени во бункери, без пристап до гас, струја или вода. Според заменик-градоначалникот, нема зграда во градот која не била погодена во војната и вели дека градот е речиси целосно уништен.

„Се водат битки во близина на градот, но и на улиците. Русија нема цел да го зачува градот, туку сака да направи геноцид врз украинскиот народ“,

кажа Марченко.

Тој додаде и дека во градот нема комуникација бидејќи е отсечен, мостовите се уништени, а тактиката која Русија ја користи е нехумана.

„Не треба да им дадеме ниту метар од нашата земја на непријателите. Треба да ги браниме нашата земја и нашите луѓе“,

вели Марченко.

Инаку, битките за Бахмут траат неколку месеци, а доколку градот падне, тоа ќе биде првиот поголем успех за Русија во последните месеци откако пред речиси два месеци под руска окупација падна градот Соледар. Падот на Бахмут се предвидуваше одамна, а од Би-би-си велат дека секоја информација која доаѓа оттаму треба да се земе со доза на резерва. Претходно и украинскиот претседател Володомир Зеленски рече дека ситуацијата во градот станува сè потешка иако украинската армија тврдеше дека успешно ги одбива нападите на руската армија.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Полицијата не успеа да го уапси поранешниот премиер на Пакистан Имран Кан

Следно

Кадиевска Војновиќ за „Пари“: Енергетската криза во Македонија во 2022 година низ бројки

Latest from Blog

ВЛЕН ја обвини ДУИ за врски со организатор на просрпски собир во Куманово

Коалицијата ВЛЕН со остри критики кон ДУИ, обвинувајќи ја партијата за лицемерие и поврзаност со личности кои, како што тврдат, стојат зад организирање на просрпски собири во земјава. Од ВЛЕН велат дека

Димитриеска-Кочоска со порака до опозицијата: Реалноста ја покажуваат економските показатели

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска упати повик до економскиот тим на опозицијата за заедничка средба во Министерството за финансии, со цел, како што истакна, „да се објаснат фактите и реалната состојба во

Министерството за транспорт: СДСМ изнесува неточни тврдења за поништениот тендер за електрични автобуси

Почитувани, СДСМ е единствената партија која паушално обвинува за наместен тендер кој воопшто не се реализирал затоа што договор нема. Очигледно е дека директно застапуваат некоја од страните заинтересирани за тендерот. Министерството

Активистите на флотилата за Газа го обвинија Израел: Нѐ тепаа, понижуваа и ни пуштаа кучиња

Во своите изјави, тие опишуваат тепања, употреба на електрошок за зашеметување и напади со кучиња, пишува Политико. Флотилата „Глобал Сумуд“, која броеше 50 бродови, беше пресретната во меѓународни води, околу 250 милји
Go toTop