Продолжува процесот на континуирано стручно усовршување на докторите по стоматологија

October 31, 2025
1 min read

Министерството за здравство ги информира докторите по стоматологија дека процесот на континуирано стручно усовршување од областа на стоматологијата продолжува преку одобрени и соодветно бодирани едукативни настани од Комисијата за континуирано стручно усовршување формирана од министерот за здравство.

Во продолжение е листата на едукативни настани кои ќе се одржат во наредниот период:

– Симпозиум со меѓународно учество организиран од ЗПЗСУ-ПДДММ, датум 01.11.2025 во Дом на културата во Кавадарци;

– Симпозиум со меѓународно учество организиран од МСД Здружение на специјалисти по ортодонција Скопје, датум 08.11.2025 година во Холиде Ин, Скопје

– Симпозиум со меѓународно учество организиран од Задружение на специјалисти по детска и превентивна стоматологија МСД Скопје, датум 08.11.2025 година во Холидеј Ин, Скопје;

– Симпозиум со меѓународно учество организиран од Факултет за медицински науки, Универзитет „Гоце Делчев „ –Штип, датум 15.11.2025 година во Штип, Мултимедијален центар;

– Меѓународен симпозиум организиран од Факултет за дентална медицина, МИТ Универзитет, Скопје 21-22.11.2025 година во МИТ универзитет (во тек е доставување на документацијата);

– Симпозиум со меѓународно учество, Здружение на специјалисти по стоматолошка протетика МСД Скопје, 29.11.2025 година;

-Меѓународен симпозиум организиран од Здружение на ортодонти , хирурзи и орoмаксилофацијални хирурзи Аполон – Тетово, 6-7.12.2025 година

Дополнително, информираме дека по разгледување од Комисијата, барањето од Друштво на доктори по дентална медицина на Македонија – Куманово за организирање Симпозиум со меѓународно учество на 01.11.2025 година во хотел Хилтон, Скопје, е одбиено поради констатирани процедурални недостатоци, кои се спротивни со одредбите од Правилникот за континуирано стручно усовршување.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Интервју на Тони Тоневски за Булевар.мк: „Во недела избираме поинаков Пробиштип, избираме сигурна иднина“

Следно

Комерцијална банка, Алкалоид и Гранит со најголем дневен промет

Latest from Blog

Израел се закани: Доколку Хамас киднапира еден заложник, насилно ќе евакуираме милион граѓани на Газа

Кац рече дека неговата закана доаѓа по разузнавачките информации за можни потези на Иран, Турција и нивните сојузници, вклучително и Хамас, пишува The Jerusalem Post. Тој тврди дека Израел сака да користи

ЕВН: Набавката на броила поминала низ утврдена постапка и проверка на сите критериуми

Во однос на самата постапка, од ЕВН Македонија нагласуваат дека набавката била спроведена согласно законските прописи и однапред утврдените процедури. „ЕВН Македонија ја спроведе постапката за набавка на броила во целосна согласност

По пукањето во Маниса приведени малолетникот, неговите родители и дедо му – 11 се ранети

Гурлек соопшти дека малолетникот кој пукал пред училиштето е приведен, како и неговите родители и дедо му. Инцидентот се случил околу 8 часот наутро по локално време во градот Тургутлу, во близина
Go toTop