Продолжува акцијата за уривање на дивоградбите и на албанското крајбрежје, Рама најавува нови мерки

August 31, 2025
1 min read

Нагласува дека овој процес „не е само привремена акција, туку конкретен чекор во борбата против дивоградбите, која ќе продолжи до елиминирање на овој феномен“.

Рама, исто така, најави дека операцијата ќе биде придружена со нови законски измени за зајакнување на мерките против одговорните лица, вклучувајќи ги инспекторите и другите органи кои дозволиле прекршување на законот.

„Уривањето на дивоградбите, кое е започнато насекаде, не е акција, туку процес кој не само што нема да запре додека не се елиминира оваа појава, туку во наредните денови ќе биде придружен со нов пакет мерки за намалување на оваа појава, зголемувајќи ја ударната сила на законот врз виновниците и одговорните лица на различни нивоа, вклучувајќи ги и „инфилтрираните“ во инспекторатите, полицијата и така натаму“, напиша Рама.

Објавува фотографии од акцијата што започна во споменатото туристичко место, оценувајќи дека „тоа е уште едно природно чудо злоупотребено за профит преку нелегална градба“, нагласувајќи дека „работата за заштита на територијата од злоупотребувачи продолжува подеднакво во северниот, јужниот и централниот дел на Албанија“.

Во меѓувреме Судот во Драч му одреди мерка „затворски притвор“ на Ардијан Халили, поранешниот началник на Инспекторатот за територијална заштита за округот Драч, кој е сопственик на урнатиот објект-дивоградба. Освен двокатен објект, на површина од 5.600 квадратни метри, имало мини-фудбалско игралиште и базен, како и 11 мали куќарки за сместување туристи. Според полицијата, нелегалната градба започнала во 2018 година.

Халили, беше уапсен пред четири дена, под обвинение за „бесправна градба“ и „злоупотреба на службена должност“. Во судницата го бранеше неговата сопруга, поранешната обвинителка Рабијана Халили, додека тој го отфрли обвинението за злоупотреба на службена должност, тврдејќи дека ги извршил работите со знаење на локалните власти, иако без градежна дозвола.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Маинц извлече бод кај Волфсбург

Следно

Телефонската линија 192 повторно е во функција

Latest from Blog

САД испраќа засилување на Блискиот Исток- пристигнуваат специјалци за воздушен десант

Пентагон веројатно ќе испрати неколку илјади војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Армијата на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори. Изворите не

Мицкоски на средба со германските амбасадори во регионот: Економските партнерства и европската интеграција во фокусот на разговорот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Владата оствари средба со германските амбасадори во регионот, на која разговарале за продлабочување на билатералната и регионалната соработка. Информацијата за состанокот ја соопшти преку објава на својот
Go toTop