Продолжија масовните протести во Грција по железничката несреќа што однесе 57 човечки животи

March 5, 2023
1 min read

Масовниот протест започна мирно пред грчкиот парламент во центарот на Атина, но набрзо група маскирани лица, кои се одвоија од другите демонстранти, започнаа со инциденти и се судрија со полицијата, по што полицајците одговорија со употреба на шок-бомби и солзавец

Голем број граѓани и денеска, како и минатите денови, излегоа на улиците во центарот на Атина и Солун за да го изразат својот револт по железничката несреќа во која животот го загубија најмалку 57 лица. Масовниот протест започна мирно пред грчкиот парламент во центарот на Атина, организиран од страна на вработените во железницата, со поддршка од синдикатите, студентските здруженија и граѓански организации.

Но набрзо група маскирани лица, кои се одвоија од другите демонстранти, започнаа со инциденти и се судрија со полицијата, по што полицајците одговорија со употреба на шок-бомби и солзавец.

Фото: МИА

Вчера во Атина полицијата за борба против нереди пред парламентот употреби солзавец и шок-бомби за да ги растера демонстрантите што фрлаа врз нив петарди и камења, запалија корпи за ѓубре и ги предизвикаа полициските кордони да одговорат. Нема информации за апсења или повредени. Протестите, на кои повикаа левичарските и студентските групи, беа поттикнати од гневот поради наводниот недостиг на безбедносни мерки во железничката мрежа на Грција. Најголемиот протест беше во централниот грчки град Лариса, кој се наоѓа недалеку од местото на несреќата, каде што мирно маршираа неколку илјади луѓе. Слични протести се одржаа и во средата и во четвртокот.

Демонстрантите извикуваа слогани против политичарите, кои ги сметаат за одговорни за лошата состојба на грчките железници. Нередите траеле околу еден час, а потоа ситуацијата била смирена. Владата на Грција објави дека ќе биде формирана комисија од експерти за истрага на железничката несреќа, но за тоа не деби консензус на опозициските партии.

Железничката несреќа што се случи во вторникот вечера и е една од најголемите во Грција во изминатите 50 години предизвика бурни реакции кај граѓаните кои континуирано организираат протести. Несреќата се случи кога патнички удри во товарен воз во вторникот вечерта. Во рамките на истрагата полицијата извршила претрес на железничката станица во Лариса. Портпаролот на полицијата изјави дека се одземени сите документи што би можеле да помогнат во истрагата. Одговорниот шеф на станицата веќе е обвинет за убиство од небрежност. Доколку биде прогласен за виновен, на 59-годишникот му се заканува доживотен затвор.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Катарскиот емир ја повика меѓународната заедница да им помогне на Туркије и Сирија по земјотресот

Следно

Стојаноски: Дали власта ги измени тендерските услови за Коридорите 8 и 10д да го намести 22 милионскиот тендер за Ептиса?

Latest from Blog

Во Преспанско Езеро кај селото Наколец откриен редок органски материјал

НУ Завод и музеј – Битола и Граѓанската организација за развој на алтернативен туризам Љубојно, во рамки на проектот ACT4PRESPA ги реализираа првите подводни археолошки истражувања во Преспанско Езеро и со цел

Англиски репрезентативец заврши во болница

Се работи за стандардниот стопер на тимот на Њукасл, Ден Бирн кој што во дуелот против Сандерленд доби незгоден удар, при што заработи скршеница на ребро. Ова значи дека дефанзивецот веројатно ќе

Украинските беспилотни летала ја уништија руската подморница „Варшавјанка“

Украински подводни дронови ја уништија руската подморница „Варшавјанка“ од класа 636.3 во пристаништето Новоросијск во Русија, објавија денес украинските медиуми. Како резултат на експлозијата, подморницата претрпе критични оштетувања и беше ставена вон

Брендан Роџерс има нов клуб

Некогашниот менаџер на тимот на Ливерпул, Брендан Роџерс е нов кормилар на тимот на Ал Кадисија од Саудиска Арабија, објави „Атлетик“. Искусниот стратег кој во моментов има 52. години веќе е на
Go toTop