Продолжи редовното одржување на сообраќајната сигнализација на градските сообраќајници

January 18, 2023
1 min read

Екипите на ЈП “Улици и патишта” – Скопје секојдневно ја одржуваат вертикалната и хоризонтална сигнализација на главните улици и булевари во град Скопје.

Тие во изминатиот месец на булеварот Кузман Јосифовски Питу и на улицата Тодор Александров ја обележаа хоризонталната сигнализација на вкупна површина од 1.580 квадратни метри, машински и рачно.

Додека пак на повеќе градски сообраќајници ја обновија вертикалната сигнализација со нови 50 сообраќајни знаци и санираа околу 30тина сообраќајни знаци.

– Редовното одржување на сообраќајната сигнализација продолжува и во наредниот период, оштетените сообраќајни знаци се заменуваат со нови, а во зависност од временските услови се бележат градските улици и булевари според однапред утврдената динамика од Град Скопје, информира претпријатието.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ковачевски: Постојат шанси Алијанса за Албанците да влезе во Владата, но дали ќе се случи тоа, ќе зависи од политички договор

Следно

Очевидец на кобниот пад: Пилотот на хеликоптерот не ја видел висококатницата поради магла

Latest from Blog

Општина Битола со признание „Младински пријателски град“ за 2026 година

Општина Битола е добитник на националното признание „Младински пријателски град“ за Пелагонискиот регион за 2026 година, со што е потврдена нејзината посветеност на унапредувањето на младинските политики и создавањето подобри услови за

Тоневски: Пробиштип продолжува со вложувања во комуналната инфраструктура

Во населбата Драч во селото Ратавица се изведуваат градежни работи за изградба на два канализациски крака, информира градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски. Проектот се финансира со средства од Министерството за транспорт,

Божиновска: Македонија активно ги следи глобалните процеси за енергетска транзиција

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ќе биде дел од државната делегација на Република Северна Македонија, предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која од 10 до 13 ноември 2026 година

Николоски: Го зајакнуваме стратешкото партнерство со Обединетото Кралство

Заменик  претседателот на Владата, Александар Николоски денеска оствари работна средба со новоименуваната амбасадорка на Обединетото Кралство, Маја Сивањанам. Во фокусот на средбата беше стратешкото партнерство меѓу Македонија и Обединетото Кралство, унапредување на

По примерот на ЕУ и Велика Британија, дали Македонија ќе отвори пат за стратешки рударски проекти?

Велика Британија треба да го следи примерот на Европската Унија и да воведе модел за означување и поддршка на стратешки рударски проекти, оценува парламентарната Комисија за бизнис, иновации, наука и трговија. Во
Go toTop