Продолжен притворот за 10 осомничени за падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

March 31, 2025
1 min read

Вишиот суд во Нови Сад им го продолжи притворот за 30 денови на осомничените во истрагата за уривањето на настрешница на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември, јави дописникот на МИА од Белград.

Продолжен е и куќниот притвор на двајца осомничени.

На крајот на минатата година беше поднесен обвинителен акт против 13 лица.
Покрај тие десет, во домашен притвор се двае осомничени, од кои едната е поранешната в.д. генерален директор на „Инфраструктура на Железница на Србија“ Јелена Танасковиќ како и Анита Димоски, помошник-министерка за градежништво, транспорт и инфраструктура од Секторот за железници и интермодален транспорт.

Поранешниот министер за градежништво Горан Весиќ се брани од слобода, по неколку дена минати во притвор, судот му го укина притворот прифаќајќи ја жалбата на неговиот бранител.

Одлуката за куќен притвор на двајцата осомничени се носи во траење од три месеци.

Случајот се води со обвиненија за сомневања за тешко кривично дело против општата безбедност во врска со кривичното дело предизвикување јавна опасност како и сомневања за сторено тешко кривично дело против општата сигурност во врска со кривичното дело непрописно и неправилно изведување градежни работи.

Во уривање на настрешница на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември загинаа 16 лица, а едно лице беше тешко повредено.Тие се обвинети во предмет пред Вишото јавно обвинителство во Нови Сад, додека Обвинителството за организиран криминал во Белград води посебен предмет со други осомничени. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јирген Клоп замена за Карло Анчелоти на клупата на Реал Мадрид?

Следно

ССМ: „Не може да има за пратениците, а да нема за работниците“! Протести на 2 април

Latest from Blog

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,

Николоски: Поставен нов радарски систем на охридскиот аеродром, создаваме нова слика за аеродромите

Создаваме една комплетна инфраструктурна слика за Охрид и охридското крајбрежје. Инвестициите во инфраструктурата, реконструкцијата и надградбата на охридскиот аеродорм и политиката на провлекување на нови авиолинии ќе донесат бројни патници и туристи

Аеродромот во Охрид влегува во нова ера – ова ќе биде новиот капацитет на аеродромот

На охридскиот аеродром Св. Апостол Павле аеродром Охрид започна сериозна реконструкција, надградба и проширување – прва ваква голема интервенција од неговата изградба досега. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека
Go toTop