Продолжен притворот на осомничените за нападот во Бањска во северно Косово во септември 2023 година

August 20, 2024
1 min read

Основниот суд во Приштина донесе одлука со која на тројцата осомничени Срби за терористичкиот напад врз косовската полиција во Бањска во северно Косово во септември минатата година, Владимир Толиќ, Благоје Спасојевиќ и Душан Максимовиќ, им ја продолжи мерката притвор за по уште два месеци, јави дописникот на МИА од Приштина.

Веста за невладината организација која го надгледува косовското правосудство, „Заклетва за правда“ ја потврди Медина Гаши, стручна соработничка од кабинетот на претседателот на судот.

„… По барање на Специјалното обвинителство на Република Косово за продолжување на мерката притворот во кривичниот предмет против обвинетите В.Т, Б.С и Д.М., Основниот суд во Приштина – Специјалното одделение на 20.08.2024 година донесе Решение и го одобри барањето на Специјалното обвинителство на Република Косово, со што на тројцата осомничени им е продолжена мерката притвор во траење од по два месеци“, се вели во писмениот одговор на Гаши.

Толиќ, Спасојевиќ и Максимовиќ се наоѓаат во притвор од 26 септември 2023 година.

Тие се сомничат за сторени кривични дела „Тешки дела против уставниот поредок и безбедноста на Република Косово“, „Напад против уставниот поредок на Република Косово“, „Подготовка на терористички дела или кривични дела против уставниот поредок и безбедноста на Република Косово“ и „Неовластено држење во сопственост, контрола или поседување оружје“.

Во Бањска кај Звечан, во раните утрински часови на 24 септември 2023 година, беше убиен наредникот Африм Буњаку, а беа ранети уште двајца припадници на косовската полиција. Во одговорот на полицијата што уследи, беа убиени тројца од групата српски напаѓачи, а останатите пребегнаа во Србија откако неколку часа се криеја во православниот манастир во Бањска.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски и Дамева на 40 – минутна средба во владата – премиерот не ја напушта идејата за расформирање на СС

Следно

Јенев: Сите граѓани треба да се чувствуваат безбедно

Latest from Blog

Ван Дајк му донесе победа на Ливерпул!

ФОТО:facebook.com/LiverpoolFC/ Ливерпул го победи Сандерленд со 1:0 на гостински терен, додека Кристал Палас, и покрај водството од 2:0, загуби од Барнли – 2:3 на Селхерст Парк. Херој во победата на Ливерпул беше

Ван Дајк му донесе победа на Ливерпул!

ФОТО:facebook.com/LiverpoolFC/ Ливерпул го победи Сандерленд со 1:0 на гостински терен, додека Кристал Палас, и покрај водството од 2:0, загуби од Барнли – 2:3 на Селхерст Парк. Херој во победата на Ливерпул беше

Нова етапа на соработка на Организација на жени и Комисијата за еднакви можности во Советот на Општина Битола

Најстарата женска организација во градот – Организација на жени Битола, денеска обелодени дека во изминатите 4 години имале прекината соработка со Комисијата за еднакви можности при Советот на Општина Битола, алудирајќи на

Идентификуван е сторителот на масакрот во училиштето во Канада- земјата во шок

Џеси Стренг е идентификуван како вооружениот напаѓач во пукањето во Тамблер Риџ, потврди CTV News. Канадските медиуми објавија дека тој извршил самоубиство по крвавото дивеење. Знамињата на половина копје Знамињата на федералните
Go toTop