Проданоски: Водици обедини над 400 верници низ Прилеп и населените места

January 19, 2026
1 min read

Над 400 верници денеска учествуваа во традиционалното фрлање по светиот крст по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици 2026, на територијата на општина Прилеп.

Празнувањето започна со утрински богослужби во православните храмови, по што следуваше осветување на водите и положување на светиот крст, во чест на Христовото крштевање.

 

Централната манифестација се одржа во 12:00 часот со фрлање на светиот крст во базенот на Аква паркот „Салида“ во Прилеп. Покрај централниот настан, Водици беше одбележан и во уште 19 населени места: Селце, Витолиште, Бешиште, Полчиште, Ново Лагово, Загорани, Кадино Село, Мало Коњари, Големо Коњари, Беровци, Клепач, Ерековци, Галичани, Чепигово, Подмол, Алинци, Тополчани, Плетвар и Штавица.

Во црквата „Св. Благовештение“, по свечената божествена литургија и традиционалното пуштање на гулабите, симболично бешеорганизирано фрлање на светиот крст во фонтаната во дворот на храмот, наменето за дечиња до 13-годишна возраст.

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, заедно со претседателката на Советот и делегации од советници, присуствуваше на сите 20 локации, упатувајќи честитки до граѓаните со желби за здравје, мир и благосостојба. Локалната самоуправа обезбеди пригодни подароци за сите учесници и парични награди за најсреќните, додека компаниите „Зегин“ и „Евротип“ обезбедија дополнителни подароци за оние кои први го извадија светиот крст од осветените води во Прилеп.

Најсреќен на централниот настан беше 17-годишниот Јордан Ангелески, кој прв го извади светиот крст.

Богојавление – Водици го симболизира духовното прочистување и почетокот на животот во верата, а од Општина Прилеп упатија порака за благословена и мирна година за сите граѓани.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

По отказот во Реал, Чаби Алонсо ја доби првата понуда

Следно

Судир со над 200 километри на час: Драматични сведоштва на патниците по тешката железничка несреќа во Шпанија

Latest from Blog

Судир со над 200 километри на час: Драматични сведоштва на патниците по тешката железничка несреќа во Шпанија

Регионалните власти во Андалузија се соочуваат со огромен притисок поради размерите на тешката железничка несреќа што се случи синоќа во близина на местото Адамус, изјави претседателот на Андалузија, Хуан Мануел Морено. Тој

Водици во Пробиштип: Давид Демјанов и Стефан Наков го извадија светиот крст

По повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, во општина Пробиштип традиционално се одржа фрлањето на светиот крст во осветените води во Злетово и во Аква паркот во Пробиштип. Во Злетово, најсреќен

АНАЛИЗА: Компас-подарок за конгресот на СДСМ

Просто е неверојатно како за 2 важни настана во изминатиот период СДСМ го губи компасот на одлучување и делување, промашувајќи ја важноста на темата, како да се работи за третокласна вонпарламентарна партија.

Младото момче Јордан Ангелески го фати крстот – Прилеп го слави Богојавление, честитки од Проданоски

„Бог се јави – навистина се јави!“ – со овие зборови градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, го честита празникот Богојавление – Водици. Празникот симболизира светото крштевање, духовното раѓање, верата и прочистувањето,
Go toTop